Конкурс за хонорарен ангажман – Правник/чка

Конкурс за хонорарен ангажман – Правник/чка

Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници објавува конкурс за хонорарно ангажирање на работното место: Правен/a советник/чка.

Работниот ангажман е на 10 месеци со можност за продолжување.

Работи задачи:

  • Следење на состојбата со човековите права на маргинализираните заедници во Македонија (ЛГБТИ, лица кои живеат со ХИВ, сексуални работници/чки и луѓето кои употребуваат дроги);
  • Следење на меѓународните трендови за заштита на човековите права;
  • Советување на целните групи на Коалицијата за нивните права;
  • Подготовка на претставки, барања и слични поднесоци за заштита на правата на целните групи на Коалицијата;
  • Документирање на случаи на повреда на правата на целните групи на Коалицијата.
    Учество во спроведување на тековните активности на Коалицијата како конференции, дебати, истражувања, кампањи и сл.
  • Комуникација, координација и соработка со партнерите на Коалицијата и целните групи.

Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Дипломиран правник
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутер

Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:

  • Имаат искуство и познавања од областа на човековите права.
  • Имаат искуство во работа со маргинализирани групи.
  • Имаат искуство во граѓанска организација.
  • Имаат изградени капацитети за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност.

Рок и начин на аплицирање

Заинтересираните кадидати треба да ги испратат следните документи, најдоцна до 15.02.2017 година 17:00 часот на koalicijaszpmz@gmail.com со назнаката „конкурс за правен советник“:

  • Кратка биографија
  • Мотивационо писмо
  • Скенирана диполома или уверение за завршен правен факултет
  • 1 препорака, доколку кандидатот/ката има претодно работно искуство

Кандидатите кои не се во можност бараните документи да ги достават на е-маил адреса истите можат да ги достават на адреса бул. Климент Охридски бр. 66-1/3, 1000 Скопје, најдоцна до 15.02.2017 година 17:00 часот.

Начин на избор на кандидатите/ките:

Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. Известување за резултатите од конкурсот, кандидатите ќе добијат на е-маил најоцна до 28.02.2017 г. Избраниот кандидат се очекува да почне на работната позиција од 01.03.2017.