Родителите на геј тинејџер од САД кој изврши самоубиство создадоа фондација во негово име

Родителите на геј тинејџер од САД кој изврши самоубиство создадоа фондација во негово име

Родителите на геј тинејџер кој се самоуби минатата година создадоа анти-булиинг фондација во негова чест.

 

Тајлер Клементи, осумнаесет годишен студент на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, скокна од мостот „Џорџ Вашингтон“ во септември минатата година.

 

Тој наводно открил дека неговиот цимер, деветнаесет годишниот Дарун Рави со кого ја делел студентската соба, тајно снимал и емитувал сексуален чин меѓу него и друг маж.

 

Рави во моментов е на суд под повеќе различни обвинениеа меѓу кои се наоѓаат и обвиненијата за нарушување на приватноста и заплашување.

 

Џозеф Клементи, таткото на Тајлер и претседател на фондацијата изјави: – „Избликот на сочувтсво на национално ниво за смртта на Тајлер претставува навистина несебичен чин и голема утеха за нашето семејство. За сето ова време станавме се повеќе свесни за проблемите кои ги имаат младите луѓе поради нивната сексуална ориентација, особено во ова дигитално доба“.

 

Фондацијата вели дека ќе работи на поддршка на иницијативи кои ќе работат на спречување на булиинг, промоција на прифаќање на ЛГБТ тинејџери, намалување на бројот на самоубиства кај младите луѓе, промоција на “учтивост и одговорност” во електронските комуникации.