Преставен нов дневен лек за ХИВ неколку дена пред Светскиот ден на борба против СИДА-та

Преставен нов дневен лек за ХИВ неколку дена пред Светскиот ден на борба против СИДА-та

Европската комисија го одобри пласирањето на пазарот на нова дневна таблета за третман на ХИВ.

 

Новиот лек на Gilead Sciences ќе се користи комерцијално во дваесет и седумте земји на Европската Унија.

 

Тоа преставува второ по ред одобрување на секојдневна ХИВ таблета од страна на ЕУ, а и двете се пласирани на пазарот од страна на Gilead Sciences.

 

Д-р Марк Нелсон, сервисен директор на директоратот за ХИВ при болницата Челзи и Вестминистер, изјави – Со фактот дека луѓето инфицирани со ХИВ живеат подолго и се на терапија подолго време, потребата од нови поедноставни тераписки опции стана уште повеќе критична. „Евиплера“ го има потенцијалот да биде нова опција за третман на пациенти кои започнуваат со ХИВ терапијата, затоа што ја сведува целата терапија на примање на една таблета дневно.

 

Џон Ц. Мартин, професор доктор, претседавател и извршен раководител на Gilead Sciences изјави – Gilead продолжува да биде лидер во развојот на терапијата со дневена таблета затоа што ние и нашите партнери ја признаваме потребата за поедноставување на ХИВ терапијата. Со „Евиплера“, ние сме задоволни што успеавме да ги прошириме тераписките опции за Европските пациенти, и сега работиме со државните авторитети да обезбедиме овој вид на терапија да биде достапен во ЕУ за што пократок рок.