Нападите врз децата Роми мора да бидат истражени и соодветно санкционирани

Нападите врз децата Роми мора да бидат истражени и соодветно санкционирани

Мрежата за заштита од дискриминација објави соопштение во кое изразува загриженост за нападот на дете од ромската етничка заедница кој во средата, 11.11.2015 година, се случил кај пекарата СИЛБО, во центарот на градот Скопје.

Според очевидци, детето било малтретирано и удирано, наводно поради тоа што барало пари од луѓето кои купувале во пекарата. Очевидец го пријавил настанот во полиција, која дошла за многу кратко време пред пекарата и земала изјави од лицата кои наводно го сториле делото и од очевидецот кој го пријавил настанот.

Целосното соопштение преземете го тука.