Видео кампања за третман на децата кои употребуваат дроги

Видео кампања за третман на децата кои употребуваат дроги

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје лансира видео кампања со цел да се зголеми видливоста на проблемите со кои се соочуваат децата кои употребуваат дроги, со поддршка од 17 здруженија на граѓани: Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Здружение за заштита на правата на детето, Црвен крст на Република Македонија, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, Национален младински совет на Македонија, ХЕРА, ХЕЛП-Гостивар, Опција-Охрид, Пулс-Куманово, Центар за развој и унапредување на јавниот живот-Тетово, Виа Вита-Битола, Зона-Кавадарци, Младински клуб-Штип, Ц’дрим, Сумнал, Ромски ресурсен центар и Ц.С.И. Надеж. 

Во текот на кампањата, предвидено е да се објават 5 видеа, кои ќе понудат различни аспекти на проблемите со кои се соочуваат децата кои употребуваат дроги. 

Целосното соопштение за медиуми може да го преземете тука.

Погледнете ги и двете досега објавени видеа: