Уште една победа на брачната еднаквост во Словенија

Уште една победа на брачната еднаквост во Словенија

Словенечкиот парламент го направи она за кое владата на Хрватска на Зоран Милановиќ и хрватскиот парламент во 2013 немаше храброст. Вчера словенечките пратеници/чки со педесет и три гласа „за“ и дваесет и еден „против“ одбија да распишат референдум за измените и дополнувањата на Законот за брак и семејните односи и со тоа го запреа собирањето потписи за таквиот референдум.

 

Словенија на почетокот од овој месец, со одлука на парламентот ги изнедначи сите права на истополовите парови со оние на хетеросексуалните.

 

Матеј Ташнер Ватовец од Обединетата левица рече дека воведуањето на брачана еднаквост ја елиминираше неуставната состојба на системска дискриминација во доменот на човековите права и дека во парламентот не можат да направат ништо друго, туку да заклучат дека таков референдум не треба да се одржи, пренесува РТВ Сло.

 

Откако брачната еднаквост беше усвоена во Словенија, коалицијата на конзервативни организацции „За отроке гре“ со поддржка на католичката црква во парламентот ја предаде петицијата за одржување на референдум за законот за брачна еднаквост и семејните односи на која имаше повеќе од осумдесет илјади потписи. Со вчерашната одлука на парламентот собирањето на потписи беше сопрено.

 

На инцијаторите на референдумот им остана само да се обратат во Уставниот суд. Тоа тие и ќе го направат, а на јавноста веќе и се обратија со сооштение во кое одлуката на парламентот ја нарекуваат „неуставна и противзаконска“.

 

Извор: Crol.hr