„Во Иран не постојат хомосексуалци“ – серија фотографии на ирански бегалци во Турција

„Во Иран не постојат хомосексуалци“ – серија фотографии на ирански бегалци во Турција

„Во Иран нема хомосексуалци како што тоа е случај во вашата земја“ – изјави поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад во 2007 кога беше гостин на универзитетот Колумбија. Младата швајцарска уметница Лоренс Расти ја искористи оваа славна изјава за наслов на серијата фотографии на ирански геј бегалци во Турција.

 

Голем број на ирански ЛГБТ млади луѓе го напуштаат Иран, затоа тоа што во нивната земја можат да бидат осудени на смртна казна

 

Расти, чии родители се Иранци, го посети турскиот град Дензили во кој затече стотици ирански геј бегалци. Токму поради своето „хибридно потекло“, таа направила истражување на културните разлики помеѓу земјата од каде таа потекнува и земјата во која живее. Серијата на фотографии се најде во селкцијата на фестивалот Circulations кој деновиве се оддржува во Париз.

 

Според уметницата, хомосексуалната популација во Иран има само две опции. Затоа што хомосексуалноста не само што е нелегална туку и се казнува со смрт, тие можат или да побегнат или да се одлучат за промена на полот (од законски аспект, транссексуалноста се толерира, но е калсифицирана како болест

 

Трагични судбини на стотици бегалци без право на работа.

 

Од меѓународните невладни организации таа дознала дека во градот Денизли привремено се сместени стоици ирански бегалци кои чекаат да им биде дозволен транзит кон европските земји. Некои од нив добиле азил за Канада и САД, а другите се уште се на листата на чекање. Процесот за добивање на виза е долг и сложен и понекогаш трае и две години.

 

За време на интервјујата за виза се „порверувала“ нивната сексуална ориентација затоа што нивниот живот во матичната земја е загрозен врз основа на нивната хомосексуалност.

 

Да се дојде до Турција е едноставно, затоа што не им е потребна виза. Но, таму тие немаат право на работа и голем број од нив работат нелегално во текстиланата индустрија.

 

Како што јасно покажуваат нејзините фотографии, со дел од нив таа има изградено доверлив однос, па тие позираат фронтално, додека пак другите поради очигледни причини се одлучиле да си го прекријат лицето.

 

Извор: crol.hr