Шпански сексуални работнички ќе добијат работнички права

Шпански сексуални работнички ќе добијат работнички права

Според одлука на суд во Шпанија, сексуални работнички ќе добијат работнички права и ќе можат да бараат социјална помош во случај на невработеност.

 

Во суд во Барселона, Судијата Хуан Аугустин Марагал донесе одлука дека од страна на сопствениците на борделите на сексуалните работнички ќе треба да им бидат понудени договори за вработување. Сопствениците исто така ќе треба да им ги плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

 

Одлуката на граѓанскиот суд беше донесена по инспекцијата во салон за масажа во кој се нуделе сексуални услуги. Во салонот, инспекцијата затекнала три сексуални работнички.

 

Судијата одлучил дека менаџментот на салонот ги прекршил правата на жените и дека претпријатието ќе мора да им ги плати социјалните придоеси од 2012 до денеска.

 

Сопственикот сметал дека работничките се автономни и дека не се официјално вработени, меѓутоа властите рекле дека постоела работна врска помеѓу работодавач и работник и дека, според тоа, тој ќе мора да им ги плати придонесите.

 

Судот исто така одлучил на сексуалните работнички да им бидат доделено здравствено, пензиско и социјално осигурување како заштита од експлотација.

 

Извор: Independent