Официјалната програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #тројката

Официјалната програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО #тројката

06.03. (петок)
ЖЕНСКА СОБА 15.00 кино Фросина, фоаје на кат
ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: ФОРМИ НА СУБВЕРЗИЈА ПРОТИВ ПАТРИЈАРХАЛНИТЕ НОРМИ ВО „ХАМЛЕТ“
Отворена читачка и дискусиона сесија конципирана и водена од Кристина Костова, дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност.
Сесијата, дел од проектот „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“* куриран од Ивана Васева и Филип Јовановски, ќе се одвива во амбиентот на мини поставка на донираните книги од проектот.
Не е тајна дека Шекспир во неговите драми всадил суптилни сугестии кои биле субверзивни кон ставовите и мислите кои биле доминантни во негово време. Во тоа што ќе кажат и како ќе се однесуваат женските ликови во Хамлет, Шекспир ги наоѓа формите на субверзија против патријархалните норми. Шекспир знаел дека на секоја мизогина култура очајно ѝ се потребни жените и го искористил тој факт. Во читачката сесија ќе продискутираме зошто Шекспир сè уште е релевантен, преку споредба помеѓу општествениот контекст во кој пишувал и оној во кој живееме ние. Особено ќе се задржиме на формите на субверзија кај ликот на Офелија и шекспировото одбивање да ја смести во дихотомната категоризација на светица или блудница.
*ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност е подолгорочен кураторски проект, кој подразбира процес на собирање и дистрибуирање литература, која се однесува на граѓанска партиципативност, активност и реакција, по пат на донации од индивидуалци, претставници на невладиниот сектор, организации и здруженија согласни да делуваат во насока на градењето на отворено и современо демократско општество

ЖЕНСКА СОБА 17.00 кино Фросина, фоаје на кат
ЖЕНСКО ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ:
Проекција на филмови проследена со дискусија со авторките модерирана од Ана Василева

“Жена, Маж или Човек”
Краткометражен, документарен филм на Сара Симоска и Калиа Димитрова
14мин, Скопје, 2011

Може ли маж да носи хулахопки? Дали постојат машки и женски професии? Што се подразбира под современо семејство? Кој ги креира очекувањата во родовите односи и како обичниот граѓанин во Македонија ги доживува истите? “Жена, Маж или Човек” е краткометражен документарен филм/истражување/разговор, кој го носи дискурсот за родовите улоги директно на улица, пазар, гимназија, градинка. Неформалните разговори со случајно избрани претставници на неколку генерации и социјални групи во Скопје не на наведуваат заклучоци, туку напротив, отвораат прашања за родовите стереотипи, нивното генерациско репродуцирање, како и преиспитување, менување, надминување…

“Растење”
Краткометражен филм на Верица Недеска – Трајкова
9мин, Прага, 2013
Рина има десет години и живее со својата мајка. Веста за проширување на семејството ќе ја разбуди нејзината фантазија…

КИНО ФРОСИНА 18.00
Филмска проекција: “Сакаме и рози” (Vogliamo anche le rose) 84 мин.
Документарниот филм Сакаме и рози (2007) на италијанската режисерка Алина Мараци се занимава со почетоците на феминистичкото движење во Италија преку животните приказни на три жени на различна возраст и од различни социјални средини. Нарацијата се одвива преку читања одломки од нивните дневници и преку куси инсерти и интервјуа за протестите од тоа време и дебатите околу абортусот, односите меѓу мажот и жената, работата на жената и нејзината сексуалност. Филмот, кој е всушност колаж од снимки од повеќе италијански архиви и од автентични снимки на протагонистките, сведочи за раѓањето на една нова свест и едно ново општество во 70тите год. во Италија.
Режија: Алина Мараци (Alina Marazzi)
Држави: Италија и Швајцарија
Премиера: 2007
Превод на македонски од италијански:
Студентска преведувачка работилница (февруари, 2015)

КИНО ФРОСИНА 20.00
Филмска проекција во соработка со фестивалот PRAVO LJUDSKI (БиХ)
Оваа година ја продолжуваме соработката со Pravo ljudski – фестивал кој промовира социјално ангажирана уметност, филм, неформална едукација и меѓукултурен дијалог. Со помош на филмот како медиум, фестивалот се стреми да ја разбуди свеста на јавноста, отворајќи простор за дискусија на актуелните општествени и социјални прашања. Заедно ви нудиме можност да погледнете одлични општествено ангажирани филмови.

АNА АNА (Јас сум јас)
Филм на Корин ван Егерат и Питер Лом / 2013 год. / 75’
Четири млади девојки од Египет ги покажуваат своите сопствени светови на кинематографско поетичен, интимен и храбар начин, барајќи го својот идентитет и креативен глас после Арабската пролет.

ДЕНСИНГ САЛА 21.30
ТАНЦОВ ПЕРФОРМАНС: ЖЕНИ НА РАБОТ НА НЕРВЕН СЛОМ
Кармин (чек), Римел (чек), Пудра (чек), Парфем (чек), Ботокс (чек), Пуш-ап бра (чек), Секси атитуд (чек)… Еј да.. не заборавај да се понесеш себе си… “ Како поединците се чувствуваат физички присилени да учествуваат во општествените игри (особено да се приклонуваат кон пропишаните родови идентитети и однесувања), но и како тоа често не им поаѓа од рака.“- Пина Бауш
Концепт и идеја: Ивана Коцевска
Изведба и креативен тим: Викторија Илиоска, Бојана Додевска и Ивана Коцевска
Техничка поддршка: Тања Рибарска

ЖЕНСКА СОБА 22.30 кино Фросина, фоаје на кат
ЖЕНСКИ ЖУР – DJ сетови на музичките соработнички на независното радио Канал 103
103ка ни даде некои од најинтересните диџејки и радио водителки во 90тите. Од тогаш наваму, сцената е збогатена со женски бендови, раперки, бубњарки, артистки од сите музички жанрови и полни подиуми. Во 2014 година беше издадена и првата исклучиво женска компилација на независна современа музика.
На ПРВО ПА ЖЕНСКО 103ка претставува некои од своите диџејки, но и други девојки кои во последно време сериозно ги поматуваат скопските подиуми. Јака музика во фоајето на кино Фросина!

***************************************************************

07.03. (сабота)
ЖЕНСКА СОБА 12.00 кино Фросина, фоаје на кат
ЖЕНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И НИВНАТА БОРБА ЗА РАМНОПРАВНОСТ
Предавање на Вера Бунтеска – претседателка на Организацијата на жени на Општина Карпош и потпретседателка на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија
Жените на Македонија и нивната борба за рамноправност
“Погрешно ќе биди ако се речи да македонската жена не е земала и не зема дел од борбата на македонскио народ. Макар и да е македонката во много струко ропство како национално, политичко-социално и ропство на мажо, то ипак имаме многу примери во борбите на македонскио народ, да е земала живо участие” – Жените на Македонија во НОВ

ЖЕНСКА СОБА 14.00 кино Фросина, фоаје на кат
АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: РОДОТ НА ПОЛИТКАТА И ПОЛИТИЧКОТО ТЕЛО
Говорници:
Славчо Димитров, истражувач, теоретичар и активист (Скопје)
Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички истражувања – Скопје
Проф. Јелисавета Благојевиќ, Факултет за медиуми и комуникации –СИНГИДУНУМ, Белград
Оваа дискусија е обид за критика на комплексната историска и неутрализирана релација помеѓу конструкцијата на политиката/политичката имагинација и конструкцијата на машкоста. Дискусијата има за цел да ја доведе во прашање и потиснатата, а сепак универзализирана, метафора и имагинација за политичкото тело (body politic) која во западната политика и политичка филозофија е нотирана како алатка за обединување и за оправдување на нееднаквите дистрибуции на сензибилнито во социјалното тело (односно во заедницата).

ЖЕНСКА СОБА 18.00 кино Фросина, фоаје на кат
LET’S TALK ABOUT (CLITORAL) SEX: Работилница со Сандра Дaлен (Шведска)
Како функционира телото и како да уживаме? Зошто е важно да се зборува за сексот? Во текот на оваа возбудлива работилница ќе научите сè за клиторисот и како да уживате во клиторијалниот секс сами или со патнерот/партнерката.
Сандра Дaлен (Шведска) веќе 20 години работи како секс едукатор – предавач, тренер и писател. Во 2002 ја напиша првата феминистичка книга на шведски јазик „Секс итн.“, а во 2006 првата „популарно научна“ книга за хетеронормативноста „Хетеро“. Таа работи и како предавач на теми поврзани со еднаквите можности, дискриминиацијата и нормативно – критичката педагогија.
Учеството на Сандра Дaлен на ПРВО ПА ЖЕНСКО го овозможи Шведската амбасада во Скопје.

КИНО ФРОСИНА 20.00
Филмска програма во соработка со VOX FEMINAE FESTIVAL (HRV) и WOMEN MAKE MOVIES (US)
Просторот за родна и медиска култура К- Zona од Загреб од 2007 го организира Vox Feminae Фестивалот – интернационален фестивал кој вклучува филмска програма, работилници, изложби и учество на музичар(к)и, уметници, ативист(к)и и теоретичар(к)и. Целта на фестивалот е да се унапреди видливоста на женската креативна и општествена ангажираност со нејзино поместување надвор од вообичаените практики и контекст и создавање нов јавен простор, надвор од бинарните општествени позиции, во кој слободно се дискутираат родовите прашања и предизвици. Препознавајќи го филмот како силна алатка за поттикнување социјални промени, во изминативе седум години, на Vox Feminae се проектирани повеќе од 160 филмови.
Благодарение на пријателствот на Tiiiit! Inc, Vox Feminae и организацијата која ги обединува американските филмски шампиони во заложбите за родова еднаквост Womеn Make Movies, годнава на ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе можете да ги видите:

„Герилци меѓу нас“
Филм на Ејми Харисон / 1992 год. / 35’
Филмот вешто ги истражува сплеткарењата на комерцијалниот уметнички свет во екот на неговата популарност во 80-те години на минатиот век и одблиску ни ги претставува Герилките (Guerrilla Girls). Оваа анонимна група на уметнички терористи успешно ги става на тапет расизмот и сексизмот во уметничкиот свет уште од 1985 година, а нивните остроумни и креативни тактики го видоизменија политичкиот и културниот активизам. Сплетот од интервјуа со клучните претставници на уметничката сцена во Менхетен, рекордни аукции, отворања изложби и интервјуа со самите Герилки објаснува како до ден-денес се одржал митот за херојскиот машки уметник.

„Некои американски феминистки“
Филм на Лис Гибо, Никол Бросар и Маргарет Вескот / 1980 год. / 56’
Филмот истражува една од најзначајните социјални појави на минатиот век – вториот бран на женското движење – и нуди фасцинантен флешбек на заложбите за ослободувањето на жените предизвикани од жестоките контрареакции во 90-те години. Инспиративните интервјуа со Ти-Грејс Аткинсон, Рита Мае Браун, Бети Фридан, Марго Џеферсон, Лила Карп и Кејт Милет се испреплетени со исечоци од вистински снимки од бурните 60-ти и раните 70-ти години. Филмот претставува важно критичко гледиште за сите чие поле на интерес се родовите студии, историјата и општествените науки.

ДЕНСИНГ САЛА 22.00
Концерт на Sajsi MC и Threesome (Србија) и Да Џака Накот, Green Fuzz и Палиндром.
Годинава на ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе рокаме со домашниот ураган ПАЛИНДРОМ, српските сурфери Threesome, нашите неверојатни GreenFuzz и ќе рапуваме со љутата риба од соседството Sajsi MC и брутално искрениот Џака! Бидете таму…
Влезница 100 денари (билетарата во МКЦ работи вторник-сабота од 12 – 20 часот, билетите се во ограничен број)

***************************************************************
08.03. (недела)
ЏЕБНО КИНО 12.00
ДЕТСКО КАТЧЕ
Сигурно и удобно катче во кое децата заедно со родителите можат да се вклучат во интересни креативни активности – боење gender sensitive боенки, читање феминистички сликовници за деца и драмски игри на теми за родова еднаквост.

ЖЕНСКА СОБА 12.00 кино Фросина, фоаје на кат
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: CULTURAL AND GENDER PRACTICES NETWORK
Платформа за родови и и културни пракси е неформална мрежа организации кои ги третираат овие практики преку медиумски, фестивалски и производни програми, чија цел е зајакнување на регионалната (женска) граѓанска сцена преку размена на искуства и креирање нови заеднички акции. Мрежата се роди и се развива во интензивото телење на разни феминистички и квир позиции, стратегии и идентитети и се состои од женски и феминистичките групи активни во пост- југословенските простори: FEMINIŠ (Srb), VOX FEMINAE (Cro), NOVOSADSKA LEZBEJSKA ORGANIZACIJA (Srb), QUEER. HR (Cro),LIBELA.ORG (Cro), ACT WOMEN (Srb), BeFem (Srb), TIIIIT! Inc. (MKD), CURE (BiH), QUEER SPORT (BiH), LFU (Slo), FEMALE’S CREAM (Slo), Pride parade (Slo)CENTAR ZA DEVOJKE (Srb), VSTAJNIŠLE SOCIALNE DELAVKE (Slo), Mesto žensk (Slo), Rdeče Zore (Slo) …. На ПРВО ПА ЖЕНСКО мрежата ќе ја претстават Кристина Васхолм, Анѓела Чех и Јована Ѓорѓевиќ.

ЖЕНСКА СОБА 14.00 кино Фросина, фоаје на кат
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ШТО ДА СЕ ПРАВИ?
Неодамнешните законски измени ги загрозуваат репродуктивните и основните човекови права како и правата на жените. ЛГБТ заедницата е под постојан напад и нема заштита од институциите. Оваа трибина ќе се обиде да понуди критички осврт на позицијата на жените и на ЛГБТ заедницата во актуелните политичко-општествени услови и да отткрие нови можни методи на активизам основани на соработка и вмрежување. Концепт на Уранија Пировска, Ирена Цветковиќ, Биљана Гинова и Неда Коруновска.

ЖЕНСКА СОБА 16.00 кино Фросина, фоаје на кат
ФИЛМСКО МАТИНЕ СО ЛЕЗ-ФЕМ: ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „СЕМИ“ И ДЕБАТА ЗА ПРАВОТО НА СЕМЕЕН ЖИВОТ НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА
Краткиот документарен филм „Семи“ е изработен од Ана Симонова како режисерка и авторка и Ана Таневска како монтажерка. Двете се млади феминистки, борки за правата на ЛГБТИ заедницата и членки на ЛезФем. Филмот пред се говори за правото на семеен живот на ЛГБТИ заедницата преку приказната на Семи и прикажува како тој изгледа во една реалност далеку од нашата. Приказната не завршува кај семејниот живот, туку отвара и многу други прашања поврзани со детството и развојот на децата на истополови родители, борбата против хомофобијата, улогата на феминизмот итн.
Модераторка: Драгана Дрндаревска- ЛезФем
Говорници/чки:
Ана Симова – ЛезФем
Павлина Симоноска-Арсиќ – граѓански активист
Жарко Трајаноски- Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници
Петруш Теуниш

БИФЕ НА КИНО ФРОСИНА 18.00
ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС: ЖЕНСКО ПИСМО – ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ НА Лезфем И ПРИЈАТЕЛ(К)ИТЕ
Поетеси, писателки, активисти и активистки, љубители на поезијата на едно место ќе се соберат за женското писмо во стварност да го донесат.
„Сега сум езеро. Една жена се свива над мене
Барајќи ги моите потврди за она што стварно е.“
~Силвија Плат

БИФЕ НА КИНО ФРОСИНА 19.00
(ПРИК)ВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА ТЕЛЕМАМА
Драгана Заревска е визуелна уметница која реализира хибридни проекти инспирирани од иновативните процеси. Нејзината работа е фокусирана на теми како минијатуризација на перформанси/објекти/ситуации/политика, патување во минатото и иднината, детски игри и играчки, предизвикот академските практики да престанат да бидат толку здодевни и луѓето да се натераат на смеа со теорија која воопшто не е смешна. Има работено на проекти и како artist-in-residence во Стокхолм, Будимпешта, Берлин, Есен, Париз… и настапувала во перформанси во кореографија на Isabelle Schad (DE), Anna Koch (SE) и Rebecca Chentinell (SE). Од 2011, со Јасна Димитровска работат како уметничкото дуо под псевдонимот Ефемерки. На ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе настапи како Телемама, нејзиниот музички минималистички, валкан, изгребан, folky, indie, домашно-произведен, мрачен, светол и каков-уште-не проект во кој Скопје се вљуби на прв поглед.

КИНО ФРОСИНА 20.00
ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ФЕСТИВАЛОТ PRAVO LJUDSKI (БиХ)
„Фрик Орландо“
Филм на Улрике Отингер / 1981 год. / 126’
Снимен како своевиден „мал театар на светот“, низ пет епизоди филмот ни ја раскажува историјата на светот од самиот негов почеток сосе грешките, некадарноста, жедта за моќ, стравот, безумието, бездушноста и баналноста.
Улрике Отингер е светски позната германска режисерка и фотографка која од 1973 година живее и твори во Берлин. Во 1966 година го пишува своето прво сценарио и оттогаш го гради својот препознатлив бизарно-надреалистичен стил преку извонредни филмски наслови, кои не остануваат ненаградени. Покрај филмското, исклучително важно заради својата посебност е и нејзиното творештво во полето на операта, театарот и фотографијата.

***************************************************************
Цело време на ПРВО ПА ЖЕНСКО:
Кино Фросина, фоаје на кат
ФЕМ БИБЛИОТЕКА
Книжарница со литература од областа на родовите и културните студии, феминизмот и човековите права. Издавачка куќа Сигма Прес.

МКЦ фоаје
Скејт работилница за девојки со Скејт Асоцијација на Македонија (САМ) и Ана Мало Стаматовска
“I like to skate because it makes me feel free.”
– Fazila 13, Kabul, 2011
Скопје доволно долго чекаше на најкул, еманципирачка работилница со која ќе кршиме стереотипи. Од 6ти до 8ми март, Тиииит! Инк. и С.А.м, ќе бидат домаќин(к)и на првата женска скејт работилница.
Работилницата ја водат: Ана Мало, Иле и Христина.
Очекувајте кул скејт филмови за искуствата на младите скејтерки во Авганистан како, класични must-see скејт филмчиња и супер дружење.

МКЦ хол
Базар на ракотворби
Слободен простор за презентација и промоција на ракотворби направени од и за поинаквите жени и мажи. Одлична можност да (си) купиш поклон за 8ми март?
Учесници: ATAMI, Em Ellephantski, Isnogood, BlackFox, Глигор Кузмановски, WizArt, LUDUS, Плетени колачиња, Just Because, M’Crafts, Windmillshop, Mei Ro, Илина Поповска, Damaja, Soro Jewelry, Ѓорѓе Јовановиќ, UrbanBehavior, Наде Димушевска

Галерија МКЦ
ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОР
Девојките од Кула
Предмет: „Што е она што го прави денешниот дом толку различен, толку привлечен во 2015та?“ Колективот Кула овој пат се претставува само со неговата „понежна“ половина, преку интервенирање во галерискиот простор. Целта е да се истражи можноста да се промени дефиницијата на еден простор, акцентирајќи ја вклученоста на публиката во неговото редефинирање.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ШИЕЊЕ И СИТО ПЕЧАТ
Со своите вешти раце, девојките од Кула ќе ве учат да шиете, а потоа да си ја испринтате вашата шивка на сито печат. Донес