Новата грчка влада вети дека на истополoвите парови ќе им овозможи правен статус

Новата грчка влада вети дека на истополoвите парови ќе им овозможи правен статус

Атина, Грција – Новата левичарска влада во Грција вети дека на истополовите парови ќе им овозможи правен статус. Ветувањето доаѓа како одговор на одлуката на меѓународниот суд за човеоив права од 2013-та со која се осудува дискриминацијата во земјата.

 

Денеска министерот за правда на Грција Николаос Параскевопулос изјави дека законот за граѓански парнерства кои беше усвоен во 2008-та ќе биде проширен за геј паровите. Но тој не кажа кога точно ќе бидат направени промените во законот.

 

Ветувањето на министерот беше дадено две недели откога грчката левичарската партија Сириза ги победи конзервативците на изборите во земјата и формираше коалициона влада со десничарска партија која во минатото се противеше на давањето правен статус на истополовите парови.

 

Во 2013 Судот за човекови права на Советот на Европа ги усвои жалбите за законот за граѓански партнерства во Грција кој беше прогласен за дисркиминаторски.

 

Извор: LGBTQ Nation