Франција ги изрече првите казни за анти-геј твитови

Франција ги изрече првите казни за анти-геј твитови

Минатата недела троjца француски твитерџии беа казнети поради постирање на твитови користејќи хомофобични хаштагови. Ова е прв случај француски суд да изрече пресуди за хомофобична злоупотреба на Твитер.

 

Пресудите се однесуваат на случаи од 2013-та кога се појавија неколку хомофобични хаштагови во рамките на франциската Твитер заедница, вклучувајќи го и „Гејовите морат да умрат“ (#Lesgaysdoiventdisparaîtrecar).

 

Трите лица кои беа осудени во суд во Париз постирале твитови употребувајќи го хаштагот „Да ги запалиме гејовите“ (#brûlonslesgayssurdu). Тие беа тужени од стрна на Comité Idaho, невладина оранизација која во Франција го организира Меѓународниот ден против хомофобијата.

 

Оранизацијата поднела тужба за потикнување омраза и насилство врз основа на сексуална ориентација. Меѓутоа, казните кои судот ги изрече беа многу мали. Еден од твитерџиите бил казнет со парична казна од триста евра, а другите двајца со по 500 евра. Максималната казна за ваквото злосторство е една година затвор и парична казна од 45 000 евра.

 

Трите лица морале да ја платат истата сума и на Comité Idaho, од каде што ја поздравија одлуката на судот.

 

„Ова е важна победа, но казната за јавното повикување за убивање на хомосексуалци е навистина мала“ – рече Александар Марсел, претседателот на Comité Idaho.

 

Организациите кои се борат за геј права во Франција редовно ги објавуваат хомофобичните хаштагови, кои Твитер потоа ги отстранува од најпопуларните теми за да ги направи поневидливи.

 

Во август 2013-та, шатагот #lesgaysdoiventdisparaîtrecar (#гејовите мораат да умрат затоа што) беше прикажан на врвот на листата и не беше веднаш отстранет. Тогашниот портпарол на владата, Najat Vallaud-Belkacem, интрвенираше за да се отсрани овој хаштаг.

 

Извор: The Local