Македонските телевизии не известуваат за ЛГБТИ заедницата – таа е жртва на жигосување и потсмев

Македонските телевизии не известуваат за ЛГБТИ заедницата – таа е жртва на жигосување и потсмев

Првичните резултати од меѓународното истражување за односот на медиумите кон ЛГБТИ заедницата покажуваат дека во Македонија отсуствуваат ЛГБТИ темите, соопшија денеска од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргиналните заедници.

 

Професорката Јасна Котеска посочи дека само во последниве две години, ЛГБТИ заедницата во Македонија беше изложена дури на шест организирани јавни напади и насилство. Таа потсети дека ниеден од овие напади досега не е процесиран преку Јавното обвинителство на Република Македонија, како дека сите интернационални правни акти од Обединетите Нации до Советот на Европа ја гарантираат рамноправноста на ЛГБТИ лицата во општеството

Во оваа, првична фаза, истражувањето се фокусираше на 1) квантитативна анализа на дневниот печат, 2) квалитативна анализа на новите медиуми, како и 3) базична анализа на централните информативни емисии, од кои во Р. Македонија речиси во целост отсуствуваат ЛГБТИ темите. Имајќи го предвид фактот дека Р. Македонија е пред се’ „телевизиска нација“, овој факт сам по себе зборува за медиумскиот третман на ЛГБТИ темите во нашата држава, рече Котевска.

 

Ирена Цветковиќ од Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ја претстави квантитативната анализа на дневните весници во 2013 и 2014: Дневник, Утрински весник, Нова Македонија, Слободен печат, Вечер, Коха, Вест, Лајм.

 

Според анализата забележлив е негативен тренд, во 2014 наспроти 2013, на застапеност на новинарски написи за Неделата на гордоста како еден од клучните настани на ЛГБТИ заедницата во Македонија
– Во текот на 2013 година во горенаведените печатени медиуми, процентот на објави поврзани со неделата на гордоста изнесува 0.92% од вкупниот број на страници во весниците. Притоа, важно е да нагласиме дека во овој процент влегуваат и сите индиректно поврзани вести и објави кои го градат контекстот и дискурзивната околина на директно поврзаните теми со правата на ЛГБТИ луѓето и неделата на гордоста, со што, процентот кој ги покрива директно поврзаните вести е значително уште помал (максимум до четири текстови). Во 2014 година пак, процентот на објави од вкупниот број на страници изнесува 0.51%, од кои ните еден текст не се однесува директно на Неделата на гордоста или ЛГБТИ правата во Македонија.

 

Присуството на оваа тема во 2013 година е најмногу забележливо во рубриките хроника, заради насилството кое го одбележа отворањето на првата Недела на гордоста. Неделата на гордоста во 2014 година помина без насилство, но истовремено и без никакво медиумско внимание.

 

Во 2013 година (периодот на истражување) медиумите најчесто говорат на следниве теми: наталитет, многудетни семејства, демографија, абортус. Во 2014 година, во временскиот период пред, за време на и по неделата на гордоста медиумите не ја третираа темата на неделата на гордоста туку: брак, традиционален брак, дефинирање на бракот како заедница единствено меѓу еден маж и една жена.

 

Славчо Димитров од Коалицијата СЗПМЗ ги претстави првичните парцијални квалитативни наоди и претпоставки од истражувањето, изработени од страна на проф. Д-р Славица Србиновска

 

-Претставена преку медиумите во Македонија, ЛГБТ субкултурата, врз основа на содржините актуелни во 2013-тата и 2014-тата година, повеќе од јасно е дека стои длабоко на маргините на општествениот живот.

 

Преземено од А1 он. Целиот текст можете да го прочитате овде.