СЗО ги предупредува Европа и Централна Азија за ширењето на ХИВ

СЗО ги предупредува Европа и Централна Азија за ширењето на ХИВ

Европа до 2015 нема да ги постигне целите во врска со справувањето со ширењето на ХИВ, смета Светската здравствена организација. ХИВ трансмисијата во 2013 е зголемана за осумдесет проценти во споредба со бројките од пред една деценија.

 

Непосредно пред одбележувањето на Светскиот ден на борбата против СИДА-та на 1-ви декември, последните статистики од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација покажуваат дека минатата година биле заразени со ХИВ околу 136 000 луѓе во Европа и Централна Азија.

 

Од вкупниот број на инфекции, 105 000 случаи се случиле во Источна Европа и Централна Азија, каде и ширењето на ХИВ е во епидемиски размери помеѓу корисниците на дрога. Во Источна Европа се случиле 77 насто од случаите на нови ХИВ инфекции во 2013 – дел од нив били поради употребата на дрога и недостатокот на соодветни лекови. Добро познато е дека лековите можат значајно да ги намалат нивоата на ХИВ вирусот кај ХИВ позитивните луѓе со што се намалуваат шансите за трансмисија на вирусот кај други луѓе.

 

Во Западна Европа, сексот помеѓу мажи е најчестиот начин на кој се пренесува ХИВ-от и преставува 43 проценти од новите случаи на заразени лица. Овие статискики следеа по оние објавени во средината на ноевмри од страна на Јавното здравство на Англија кои открија дека еден на секој седумнаесети геј маж во Англија живее со ХИВ, а во Лондон пропорцијата била еден на секој осми геј маж.

 

Коментирајќи ги статистиките за Источна Европа и Централна Азија, Сузана Јакоб, регионалната директорка на СЗО, изјави: „Европа не успеа да ги постигне Милениумските развојни цели за 2015 за спречувањето на ширењето на ХИВ/СИДА-та и времето истекува. Соочуваќи се со растечките здравствени закани, ова не потсетува дека не смееме да дозволиме да го спуштиме гардот по прашањето на ХИВ/СИДА-та“.

 

Според последните податоцин на Иститутот за јавно здравје, во 2014 година во Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА од кои 16 лица се заболени од СИДА, а 23 се ХИВ позитивни. Во текот на 2014 биле регистрирани три смртни случаи од СИДА.

 

Извор: Gay Star News