Криминализацијата на клиентите значи опасност за жените

Криминализацијата на клиентите значи опасност за жените

Сексуалната работничка и ѕвездата на РТЕ шоуто „Поврзани“, Кејт МекГру, вели дека предлогот во Велика Британија да се криминализираат клиентите на сексуалните работнички ќе го зголеми нивото на нелегална трговија со жени во секс индустријата.

 

„Доколку се воведе криминализација, а сигурна сум дека тоа ќе се случи, жените кои се најранливи ќе страдаат повеќе од кога било. Трговијата со луѓе исто така ќе се зголеми. Криминализацијата поттикува криминал и го прави бизнисот посомнителен “ – изјави МекГру.

 

Кампањата „Изгасете го црвеното светло“, која е поддржана од голем број на добротоворни организации, пак смета дека ќе се случи обратното. Минатиот јуни комитетот на судии одлучи дека треба да биде усвоен таков закон.

 

МекГру, пак, вели дека голем број од коментарите за клиентите на сексуалните работничи не се основани на факти, вклучувајќи ја и статистиката која неодамна и била презентирана во една радио емисија во која се велело дека „деведесет и пет проценти од сексуалните работнички се зависнички од дрога“.

 

„Тие бројки доаѓаат од статистика од еден центар за поддршка на луѓето кои употребуваат дроги. Статиката се однесува на сто сексуални работнички кои изјавиле дека употребуваат дрога, деведесет и пет проценти од нив изјавиле дека се зависнички. Овие статистики се изолирни и извадени од контекст“ – вели МекГру.

 

Во истото интервју МекГру зборува и за тешкотиите кои ги имала кога и открила на својата мајка дека е сексуална работничка.

 

„И напишав писмо, затоа што знаев дека така најпрецизно можам да и кажам која е мојата професија. Таа вечер таа ми напиша и-мејл во ми кажа дека и покрај тешаката вест која ја примила, таа има разбирање“- вели МекГру.

 

Извор:  Irish Times