Кривични пријави за фан страните на Јанко Илковски и Миленко Неделковски

Кривични пријави за фан страните на Јанко Илковски и Миленко Неделковски

ЛГБТ Центарот и Хелсинпкиот комитет за човекови права најавуваат кривични пријави против фан страниците на Фејсбук на Јанко Илковски и Миленко Неделковски поради предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост, ширење на дискриминација, насилство и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

 

Кривичните пријави се најавени по нападот врз ЛГБТИ заедницата за време на роденденската прослава во кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија, при што на среде прослава група хулигани упаднале со качулки и го демолирале целиот бар, а сериозно биле повредени двајца од присутните гости.

 

Од ЛГБТИ Центарот сметаат дека ваквите профили се најчести извори на омраза и поттикнување на насилство по различни основи.

 

Освен Фан страниците на Илковски и Неделковски, кривични пријави се најавени и за порталите Ilirida.net , Vilajeti.com , како и против непознати сторители и Фејсбук-профилот на Адијат Рака Фета

 

Од Центарот очекуваат надлежните конечно да преземат сериозни мерки против нападите врз ЛГБТИ заедницата. Според нив, МВР располага со снимки од нападот во Дамар, но не ги гони насилниците.

 

-Во моментов подготвуваме уште кривични пријави и ќе бараме конечно, после овој шести напад институциите да ја завршат својата работа онака како што треба, изјави за НОВА директорот на ЛГБТИ Центарот, Кочо Андоновски.

 

За последниот инцидент во Дамар известени се и меѓународните организации за човекови права.

 

Извор: НовaTV