ЛГБТ Јамајканците се постојана мета на насилиници

ЛГБТ Јамајканците се постојана мета на насилиници

Кингстон, Јамајка – ЛГБТ луѓето се предмет на континуирано насилство и дискриминација во Јамајка. Според извештајот на Хјуман рајтс воч, во оваа карибска земја, која се смета за најнепријателска во регонот кон ЛГБТ граѓаните, тие често се дискримирани при пристапот до домување и вработување.

 

Во својот извештај на осудесет и шест страници насловен „Небезбедни дома“, Хјуман рајтс воч забележи дека ЛГБТ граѓаните во Јамајка се често маргинализирани во своите заедници од страна на соседите, па дури и од своите семејства. Некои здравствени работници ги стигматизират преку осудувањето на нивната сексуалност кога бараа здравствна нега. Полициската заштита од физички напади е генерално слаба.

 

ЛГБТ луѓето во Јамајка „се соочуваат со високо ниво на насилство и не можат да се потпрат на полицијата“ – вели Греам Реид, диркторот за ЛГБТ права на организацијата, „властите, почнувајќи од премиерот па надолу, треба да го спречат насилството и дискриминацијата, да ги осудат сите одговорни и да ги укинат хомофобичните закони“.

 

Организацијата ја повика јамајканската влада да ги укине законите против содомија со кој се криминализира аналниот секс и законот со кој се забрануваат „акти на крајна непристојност“ помеѓу мажите. Иако гонењето според законот од 1864 со кој интимиот однос помеѓу два мажи се смета за криминал е ретко, организацијата смета дека тој овозможува промоција на предрасуди и помага да се создаде контекст во кој неапријателството и насилтвото е усмерено против ЛГБТ луѓето.

 

Ивештајот на Хјуман рајт воч е резлутат на петнеделно истражување спроведено минатата година во Јамајка. Во истражувањето биле интревјуирани различен профил на луѓе, вклучувајќи седумдесет и еден ЛГБТ граѓанин, од кои четириесет и четири лица пријавиле дека биле жртви на „некаква форма на насилство поради нивната сексуална ориентација или родов индетитет“

 

Според организацијата голем број на ЛГБТ луѓе во земјата живеат во константен страв.

 

Извор: LGBTQ nation