Македонија ја поддржа резолуцијата на ОН за осуда на насилството и дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето

Македонија ја поддржа резолуцијата на ОН за осуда на насилството и дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето

Минатата недела Советот за човекови права на ОН усвои резолуција со кој се осудува дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Македонија беше на листата на земјите кои гласаа за усвојување на оваа резолуција.

 

Претставниците на Чиле, една од земјите коспонзори на резолуцијата, изјавија дека „не бараат создавање на нови права“, туку дека одредени права почесто се прекршуваат и треба повеќе да се заштитат.

 

Бразил, Колумбија и Уругвај исто така беа на листата на четириесет и два коспонзора на резолуцијата.

 

„Лидерството на овие латино-американски држави ја рефлектира силната посветеност на човековите права за сите и го следи важниoт прогрес кој беше направен од стана на владите и ЛГБТ активистите во регионот“ рече Андрес Ривера Дуарте од Observatorio Derechos Humanos y Legislación од Чиле.

 

Резолуцијата преживеа седум насилни амандмани предложени од страна на Египет во името на десет држави кои имаа намера од резолуцијата да ги извадат сите референци за сексуалната ориентација и родовииот идентитет. На крајот, резолуцијата беше усвоена со дваесет и еден глас „за“, шестнаесет „против“ и седум „воздржани“.

 

Со резолуцијата од Високиот Комесар за човекови права се бара да ја дополни студијата за насилство и дискриминација врз основа на сексуална орнентација и родов идентитет од 2012. Со неа исто така се изразвуа голема загрженост за насилните акти и дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето во сите региони на светот.

 

Агрентина, Австрија, Бразил, Чиле, Куба Чешка и Македонија се на листата земји кои гласаа „за“, а Алжир, Боцвана, Етиопија, Кенија, Русија, Кина и Казакстан беа на листата земји кои гласаа „против“.

 

Извор: Gay Star News