Повеќе од илјада луѓе маршираа за еднаквост на Парадата во Белград

Повеќе од илјада луѓе маршираа за еднаквост на Парадата во Белград

За првпат по четири години во Белград се одржа Парада на гордоста. Маршот се оддржа вчера, 28 септември, откако доби зелено светло од министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

 

Според Радио Слободна Европа, на маршот присуствувале од илјада до илјада и петстоини лица. Маршот започна во близина на владината зграда на Немањината улица, а помина преку авенијата Кнез Милош и пред зградата на парламентот, завршувајќи пред градската куќа.

 

Рутата беше обезбедувана од страна на полициски специјалци, оклопни возила и водени топови. Според радио Слободно Европа, биле приведени педесет анти-геј демонстранти.

 

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, завчера предупреди дека „секој кој ќе се обиде да направи инциденти ќе биде строго казнет“.

 

Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, како и Мајкл Девенпорт, раководителот на делегацијата на Европската Унија во Белград, присуствуваа на Парадата.

 

„Белград е отворен град, а тоа значи дека е отворен за сите и дека овде сите луѓе се еднакви“ – изјави Мали за Радио Слбодна Европа.

 

Актерката Мирјана Карановиќ, режисерот Срѓан Драгоевиќ и српскиот министер за култура Иван Тасковац, исто така учествуваа на Парадата.

 

Србија е земја која се стреми да стане членка на Европската Унија. Досега таа беше постојано критикувана од страна на Унијата која на одржувањето на Парадата гледа како на тест на посветеноста на Србија кон основните слободи кои таа ги промовира. Хомофобијата е широко распространета во земјата и често се промовира од страна на десничарските партии и верските лидери.

 

Извор: Gay Star News