Јужна Африка: Сексуалните работнички добиваат правна помош од своите колешки

Јужна Африка: Сексуалните работнички добиваат правна помош од своите колешки

Криминализацијата на сексуална работа има огромни последици врз безбедноста и здравјето на сексуалните работници/чки. Полицијата прави произволни приведувања, бара поткуп и сексуално и физички ги злоупотребува сексуалните рабоници/чки. Како криминализирана група, сексуалните работници/чки се чувствуваат безпомошни да се сооочат со злоупотребата од страна на клинетите и полицијата, и не можат да се потпрат на полцијата кога им е потребна помош. Неодамнешни истражувања покажаа дека кога сексуалните работници/чки се маргинализирани, постои силна корелација помеѓу криминализацијата и ризикот од ХИВ инфекции.

 

Преку иновативната програма во Кејп Таун, Јужна Африка, сексуалните работници/чки се соочуваат со оваа ситуација преку врсничка поддршка и правни совети.

 

Надгледувана од страна на адвокатот од Женскиот правен центар, организација посветена на еднаквоста на жените, четири поранешни и сегашни сексуални работнички работат како правнички. Почнувајќи од пишување приговори за казни, правничките на сексуалните работнички им нудат правна поддршка во својата канцеларија, преку телефон или преку вообичаниот уличен аутрич.

 

Тие работат во блиска соработка со Sex Worker Education and Advocacy Task Force, група за поддршка и застапување водена од сексуални работнички, и Сисонке, водечкото движење на сексуалните работници/чки во Јужна Африка. Правничките им помагаат во оутрич програмите овие групи преку овозможувањето сексуалните работнички да ги знаат и практикуваат своите права.

 

Гледајте го прилогот за оваа програма овде.

 

Извор: Sweat