Во Москва се планираше ширењето на анти-геј законите во целиот свет

Во Москва се планираше ширењето на анти-геј законите во целиот свет

На конференција на анти-геј организации која се оддржа во Москва, лобистите беа повикани да предложат закони против „геј пропаганда“ низ целиот свет.

 

Настанот, чијшто домаќин беше рускиот олигарх Констатнин Малофеев, беше посетен од страна на голем број американски анти-геј активисти, вклучувајќи го и Брајан Браун од Националната организација за бракот.

 

Првичниот домаќин на форумот требало да биде организацијата Светски конгрес на семејства, но групата го откажа учеството поради тензиите во Украина кое се случија оваа година.

За време на настанот беше усвоена резолуција со која се повикуваат активистите „да работат на усвојувањето на правни забрани на сите форми на пропаганда која ги вклучува хомосексуалните врски“ со цел да „ги заштитат интересите на децата“ низ целиот свет.

 

Забраните за „геј пропаганда“, слични на оние кои во Русија се употребуваат за да се оправда хомофобичното насилство, веќе се подготвуваат во неколку други земји. Со резолуцијата исто така се повикува проучувањето на „негативните социјални и психолошки ефкети на истополовото родителство“ за да се поткрепат случаите за забрани повојување на деца од страна на истополови родители.

 

Настанот беше посетен од уште неколку американски организации, вклучувајќи ги и Институтот за католичко семејство и човекови права, Христијанската мрежа на радиодифузери, Персонхуд САД, и Фемили воч интернешнал, но не е јасно дали ја потпишале резолуцијата.

 

Минатата недела беше усвоен нов строг анти-геј закон во Гамбија со кој кривичното дело „влошена хомосексуалност“ ќе се казнува со доживотна казна.

 

Извор: Pink News