Мнозинството Ирци ги подржуваат истополовите парови

Мнозинството Ирци ги подржуваат истополовите парови

Неодамнешна анкета спрoведена во Ирска покажа дека осумдесет и шест проценти од граѓаните на оваа држава ги одобруваат истополовите врски. Во анкетата која ја спроведе Сандеј Тајмс учествуваа околу илјада испитаници.

 

Ирската влада откри дека долго очекуваниот референдум за признавање на истполовиот брак ќе се оддржи во првите месеци на следната година.

 

Киран Роуз, од Геј и лезбејската мрежа за еднаквост, изјави: „Ова уште еден добредојден показател за трасформацијата на ставовите за геј луѓето и лезбејките и за великодушноста на ирските гласачи во нивната волја да дозволат еднаков статус и достоинство на геј луѓето и лезбејките и семејствата основани од геј луѓе и лезбејки. Јасно е дека оваа и други неодамнешни анкети покажуваат дека јавноста признава дека лезбејките и геј луѓето и нивните семејства треба да се третираат со одредена почит, правен статус и заштита кои ја ужива остатокот од општеството. Широката поддршка од страна на јавноста за повеќе од илјада и петстотини граѓански партнерства кои веќе беа прославени во Ирска и растечата политичка поддршка покажува дека Ирска е спремна за следниот чекор во дваесетгодишниот пат кон граѓанскиот брак и целосната уставна еднаквост за лезејките и геј луѓето и нивните семејства“.

Извор: Pink News