Геј луѓето потешко наоѓаат работа во споредба со хетеросексуалците

Геј луѓето потешко наоѓаат работа во споредба со хетеросексуалците

Доколку уште на почетокот сте искрени за својата сексуална ориентација или родов идентитет, потешко ќе добиете работа. Според нова студија, луѓето кои се горди на тоа што поддржуваат ЛГБТ каузи, и тоа им е запишано во нивните кратки биографии и мотивациони писма, потешко доаѓаат до работа.

 

Во оваа студија, истражувачите испратиле лажни апликации за работа, по две за секој пол, до шест различни веб сајтови за вработување во Кипар. Работните позиции биле различни од работа во канцеларија, работа во индустријата, кафулиња, ресторани и продавници, вкупно биле пратени девет ијлади и шеесет и две апликации.

 

Во мотивационите писма и во кратиките биографии имало скоро исти квалификации и нивоа на искуство. Сите „апликанти“ биле неженети граѓани и немажени граѓанки на Кипар во триесетите години од својот живот. Единствената разлика била во делот на „интереси“ каде еден од лажните апликанти бил волонтер за животната средина, друг пак член на Кипарската асоцијација на хомосексуалци.

 

Д-р Ник Дридакис од Универзитетот „Англија Раскин“ дошол до сознание дека веројатноста на геј мажите апликанти да добијат термин за интервју била триесет и девет проценти пониска во споредба со стрејт апликатите. За лезбејките, веројатноста била четириесет и два проценти помала во споредба со стрејт женските апликанти.

 

Дридакис изјавил: „Јасно е дека луѓето кои се справуваат со предрасуди во процесот на вработување мораат да потрошат повеќе време и ресурси за да најдат работа, а во исто време фирмите пропуштаат да вработат потенцијален талент како резлутат на пристрасното вработување“.

 

Во 2010, Комисјата за еднаквост и човекови права дојде до заклучок дека сексуалната ориентација резултира со дискриминација во платите, неуспех да се промовираат геј луѓе и лезбејки на повисоки работни позиции, па дури и отпуштања.

 

Извор: Gay Star News