Сексуaлните работници живеат во ХИВ кошмар

Сексуaлните работници живеат во ХИВ кошмар

Злоупотребата од страна на полицијата и понижувањето на клиниките резултираат со податокот дека само пет проценти од сексуалните работници/чки во Јужна Африка добиваат здравствено осигурување.

Ова се резултатите од истражувањето од страна на Sex Worker Education Advocacy Taskforce (Sweat) во кое се вели дека  60 проценти од сексуалните работници/чки во Јужна Африка се ХИВ позитивни, а близу 20 проценти од сите нови инфекции се поврзани со индустријата преку клинети, партнери, злоставување и силување.

– Сексуалните работници/чки не се вектор на заразата, но преку злоупотребата на човековите права, маргинализацијата и недостаток на легитимност се ставени во контексти каде ризичните однесувања се почести – се вели во соопштението на Sweat.

Мики Мехи, националниот координатор на Африканската алијанса не сексуалните работници/чки вели дека малтретирањето од полицијата допринесува за зголемувањето на бројот на заразите, бидејќи често ги конфискуваат кондомите на сексуалните работници/чки.

Мехи, која и самата е поранешен сексуален работник, исто така тврди дека некои полицајци ги присилуваат сексуалните работници/чки на секс без да употребуваат кондом.

Додека бројот на инфицирани е голем, Мехи вели дека нискиот број на сексуални работници кои бараат третман се должи на понижувањето на кое наидуваат во клниките.