Прес конференција за промоција на Годишен извештај за 2013

Прес конференција за промоција на Годишен извештај за 2013

Денес во 11 частот, во Клубот на новинари имавме прес-брифинг и промоција на ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ на Коалицијата `Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници` за 2013 година.

 

Извештајот содржи резултати и заклучоци произлезени од мониторинг на целокупната социо-политичка ситуација во Р. Македонија поврзани со сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници: ЛГБТИК популацијата, корисниците на дрога, сексуалните работници/чки како и луѓето кои живеат со ХИВ, во рамките на изминатата година.

 

Со новинарите разговараше Наташа Бошкова, правничка во коaлицијата СЗПМЗ.

 

Извештајот можете да го преземете на следниов линк.

 

Погледнете ја фото галеријата од настанот овде.