Ова неверојатно видео покажува како спортот се менува преку славењето на геј спортистите

Ова неверојатно видео покажува како спортот се менува преку славењето на геј спортистите

Јутјуб објави ново инспиративно видео за геј спортистите, покажувајќи ги промените кои што се случуваат во спортот. Сопственикот на на Јутјуб, Гугл, започна кампања со надеж дека ќе стави крај на предрасудите кон ЛГБТ луѓето.

 

Видеото, во кое се прикажани спортистите како Мајкл Сем, Том Далеј и Џејсон Колинс, во текот на следниот месец би требало да ги инспирира другите да создават свои видеа за ЛГБТ прашањата во спортот.

 

Порпаролот на Јутјуб рече: „Преку заедничката страст, спортот ги зближува луѓето кои доаѓаат од различни средини и кои имаат различни искуства. И Јутјуб го сподедлува духот на спојување на разнолични заедници со цел да направи разлика. Во прославата на следното Светско првенство во Бразил и Месецот на ЛГБТ гордоста, им оддаваме чест на ЛГБТ спортистите, нивните поддржувачи, како и на Јутјуб креаторите кои се залагаат за разноличност во спортот и во кое било друго поле, на сите кои помагаат да се создаде еднакво и инклузивно поле за игра за сите“.

 

Колис, Ен-Би-Еј играчот кој настапува за Бруклин Нетс, рече: „Кампањата за мене значи да се биде горд на сите нешта кои ве прават она што сте, без разлика дали е тоа вашата раса или религија или сексуална ориентација, или пак вашата висина. Битно е да биде горд на она што сте“.

 

Роби Роџерс, еден ова двајцата професионални фудбалери познати во јавноста како геј луѓе, изјави: „Како што сè повеќе луѓе истапуваат и се горди на тоа што се, и се натпреваруваат и победуваат, мислам дека тоа ќе промени сè. Горд сум што знам дека им помагам на луѓето. Знам дека таму надвор постојат млади геј мажи и жени спортисти кои сега имаат на кого да се угледаат во светот на спортот“.

 

Гледајте го видеото на следниов линк.

 

Извор: Gay Star News