Покана за презентација на истражување

Покана за презентација на истражување

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ со голема чест и задоволство Ве поканува на презентацијата на истражувањето „Медиумите и маргинализираните заедници“ кое е спроведено во текот на 2011 година.

Презентацијата на истражувањето ќе биде проследена и со панел дискусија на која ќе земат учество Жарко Трајановски- главен истражувач, Ирена Цветковиќ и Станимир Панајотов- помошници истражувачи, Зоран Бојаровски- професор и новинар.

Истражувањето „Медиумите и маргинализираните заедници“ е второ по ред истражување на оваа тема спроведено од страна на Коалицијата. Тоа претставаува истражување на медиумските дискурси, кое има за цел да ја истражи нивната улога во однос на (борбата против) дискриминацијата кон припадниците на маргинализираните групи: корисници на дрога и зависници од дрога, сексуални работници, ЛГБТ, лица што живеат со ХИВ.