Според последната анкета, граѓаните на Колорадо сè уште ја поддржуваат легализацијата на марихуаната

Според последната анкета, граѓаните на Колорадо сè уште ја поддржуваат легализацијата на марихуаната

Денвер – Според анкета која беше објавена минатата недела, граѓаните на сојузната држава Колорадо сметаат дека легализацијата на марихуана била ползена за нивната држава, и покрај фактот што само петнаесет проценти од нив употребиле марихуана за рекреациони потреби откако минатиот јануари започна легалната продажба.

 

Според анкетата спроведена од страна на Квинипиак универзитот, педесет и два проценти од граѓаните на Колорадо сметале дека легализацијата на марихуаната претставува добра одлука, триесет и осум дека е лоша, десет проценти биле несигурни. На прашањето дали легализацијата го загрозува моралот на луѓето во земјата, триесет проценти се согласиле, а шеесет и седум не се согласиле.

 

Активистите за легализација на марихуанта во оваа сојузна држава ги поздравија резлутатите од анкетата, особено фактот што над педеет и три проценти сметаат дека легалната трева на државата и на даночнините обрзници ќе им заштеди значителна количина на пари.

 

„Не само што се се сруши небото, прогнозата за економски раст од легалната трева е подобра од кога и да било“ – изјави Мејсон Тверт, портпаролот на „Марихуана полиси проектот“.

 

Истражувачите ја спровеле телефонската анкета во периодот помеѓу 15 и 21 април во која биле вклучени 1298 регистирани гласачи.

 

Граѓаните на Колорадо сметаат дека легаланта трева не придонесува за небезбедноста во сообраќајот. Педесет и четири проценти од испитаниците одговориле дека со легализацијата не се загрозила безбедноста во сообраќајот, а триесет и четири сметеле обратно.

 

Граѓните имале поделни мислења за ефектот на легализацијата на тревата врз правниот систем. Педесет проценти сметаат дека легализацијата ќе има позитивно влијание, четириесет сметале дека тоа ќе има негативно, а останатите не биле сигурни. Само дваесет и еден процент сметале дека легализацијата на марихуаната ќе го намали бројот на апсења врз основа на расни предрасуди.

 

На прашањето дали би гласале за политички кандидат кој употребува маирхуана два или три дена во текот на неделата, само три проценти одговориле дека би го сториле тоа. Педесет и два проценти одговориле дека не би гласале за таков политичар, а останатите одговориле дека тоа не им прави некаква битна разлика.

 

Во анкетата исто така беше поставено и прашањето за истополовиот брак. Разликата помеѓу оние кои ги поддржуваат истополвите бракови и оние кое се против е два спрема еден. Шеесет и еден процент дале поддршка за истополовите бракови во Колорадо, триесет и три биле против, а седум проценти не биле сигурни.

 

Извор: Huffington Post