Шпанија е најтолерaнтната земја кон хомосексуалноста

Шпанија е најтолерaнтната земја кон хомосексуалноста

Центарот за истражувања Pew ги објави податоците од истражувањето на нивоата на толератност на нациите по прашање на хомосексуалноста. Ставовите во врска со ова прашање не ги рефлектираат и не кореспондираат со националните закони за истополовиот брак. Европските земји се покажале како најтолерантни по ова прашање.

 

Истражувањето покажа дека Шпанија е земјата со најпрогресивни ставови кога се работи за хомосексуалноста. Само шест проценти од испитаните Шпанци изјавиле дека хомосексуланоста е морално неприфатлива, додека педесет и пет изјавиле дека е морално прифатлива, а триесет и осум изјавиле дека таа не претставува морално прашање.

 

Во 2005, Шпанија стана третата земја во светот која ги легализира истополовите бракови.

 

Германија беше втора на листата по своите либерални ставови. Само осум проценти од Германците изјавиле дека хомосексуалноста е морално непрофатлива, педесет и еден рекле дека е прифатлива, триесет и осум рекле дека таа не претставува морално прашање. Меѓутоа, истополвиот брак се уште не е легализиран во Германија.

 

Во Франција, каде што во 2013 илјадници луѓе во Париз и Лион протестираа против легализацијата на истополовиот брак, четиринесет проценти од испитаниците изјавиле дека хомосекусланоста е морално не прифатлива, триесет и шест рекле дека е, а пак педесет рекле дека таа не е морално прашање.

 

Иако Канада претставува четврта земја по ред која ги легализира истополовите бракови, таа се наоѓа на петто место на листата во истражувањето веднаш зад Чешка. Во Канада, педесет проценти од испитаниците изјавиле дека хомосексуалноста е морално прифатлива, триесет проценти дека е, а педесет дека таа не претставува морално прашање. Франција и Канада имаат ист процент на оние кои мислат дека хомосексуалноста не претставува морално прашање.

 

По Канада, на листата следуваат Британија, Австралија, Италија и Аргентина.

 

Јапонија претставува најтолератната земја на азискиот континент, каде триесет и еден процент изјавиле дека да се биде геј е морално неприфатливо, триесет и осум дека е, а дваесет и пет дека таа не претставува морално прашање. Јапонија е десетта на листата.

 

Во САД ставовите се еднакво поделени: триесет и седум проценти од испитаниците сметале дека истополовите врски се неморални, дваесет и три дека се, а триесет и пет дека тие не претставуваат морално прашање. САД е дванаесета на листата.

 

Иако Јужна Африка е шеста на листа на земји кои ги имаат легализирано истополовите бракови, ставовите на населението на оваа земја се прилично нетолератни. Шеесет и два проценти сметаат дека хомосексуалноста е неморална, осумаесет дека е, а дванаесет дека не е морално прашање.

 

Во Индија каде неодамна хомосексуалноста беше рекриминализирана, шеесет и седум проценти од испитаниците рекле дека да се биде геј е морално неприфатливо. Во Русија, земјата која го привлече меѓународното внимание поради своите анти-геј закони, седумдесет и два проценти од испитаниците рекле дека хомосексуалноста е морално неприфатлива.

 

На дното на табелета се наоѓаат Египет, Јоррдан и Гана.

 

Извор: Straight