По повод Велигден, верските лидери бараат да се стави крај на војната против дрогите

По повод Велигден, верските лидери бараат да се стави крај на војната против дрогите

По повод најсветиот ден во Христијанскиот калнедар, широка коалиција на христијански лидери во САД објави соопштение во кое повикува на ставање крај на војната против дрогите и масовното затворање.

 

„Сметаме дека војната против дрогите и масовното затварање на сиромашние е неправедно и неморално. Ова особено се однесува на сиромашните Афроамериканици и Латиноамериканци чија иднина се уништува во најкруцијалиот период од нивните животи“ – изјави Џон Е. Џексон од конференцијата Самиел ДеВит Проктор.

 

„Ние се водиме по нашите верски принципи за да им служиме на оние кои се во незавидна положба и да им дадеме глас на оние кои се маргинализирани и стигматизирани преку неправедни политики. Не можеме да молчиме додека се случува војна врз цели заедници, војна која се затскрива зад идејата дека таа претставува борба против реалните зла предизвикани од злоупотребата на дрогите. Војната против дрогите стана неверојатно скап, неефикасесн и неправеден неуспех“- рече Едвин Сандерс кој е член на Алијансата за политики на дроги и висок службеник во Метрополитанскта меѓуденоминационална црква во Нешвил, Тенеси.

 

Во соопштението се вклучени следните препораки:

 

1. Да се повлечат законите со кои се криминализира поседувањето на дрога и да се заменат со политики со кои се проширува достапноста до ефективни здравствени пристапи за употребата на дрога, вклучувајќи го и третманот кој се базира на докази

 

2. Да се елиминираат политиките кои резултираат со расно непропорционалните стапки на апсења и затворања

 

3. Да се стави крај на политиките кои неправедно ги исклучуваат луѓето кои имаа досие на поседување на дрога од нивните клучни права и можности

 

Овие христијански лидери го одбраа Велигден за да го објават оваа соопштение, поради духот на Воскресението кое се одбележува и слави на овој празник.

 

„Повикуваме да се следи примерот на Исус во опонирањето на војната против дрогите кое резултираше со фактот што САД има најголем прој на затвореници. САД поседува пет проценти од светската популација, но и дваесет и пет проценти од бројот на затвореници на глобално ниво“ – додаде Сандерс.

 

Извор: drugpolicy.org