Промоција на потпишаната Декларација

Промоција на потпишаната Декларација

Декларација за осуда на говор на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродните лица и маргинализираните заедници потпишана од 7 политички партии денес беше промовирана во ЕУ Инфо Центарот.

 

Жарко Трајаноски од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, промовирајќи ја Декларацијата истакна дека имајќи ја предвид препораката на Комитетот на министри на Советот на Европа, дека „ниту културните, ниту традиционалните, ниту религиските вредности, ниту правилата на „доминантната култура“, не можат да бидат повикани за да го оправдаат говорот на омраза или која и да е друга форма на дискриминација, вклучувајќи ја и врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет

 

Политичките партии кои ја потпишаа Декларацијата на претстојните претседателски/парламентарни избори изразија став дека:

 

– Најостро го осудуваат говорот на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и маргинализираните заедници;

 

-Ќе се воздржат од говор на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбијките, гејовите, бисексуалците и трансродовите лица и од изјави, особено во медиумите, кои можат разумно да бидат разбрани како легитимирање на говор на омраза или дискриминација.

 

– Ги охрабрува сите учесници во предизборната кампања да промовираат толеранција и почит за човековите права на жените, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и маргинализираните заедници.

Политичките партии кои ја поддржаа оваа Декларација се: Либерална Партија, Либерално-демократска партија, Демократска обнова на Македонија, Демократски Сојуз, Нова социјалдемократска партија, Алијанса за позитивна Македонија и Социјалдемократски сојуз на Македонија.

 

Декларацијата е иницијатива на Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка, Акција Здруженска, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

 

Преземено од ЛГБТИ Мрежа