За разлика од алкохолот, марихуaната не ги оштетува мозочните ткива на тинеjџерите

За разлика од алкохолот, марихуaната не ги оштетува мозочните ткива на тинеjџерите

Истражувачите од Универзитот во Сан Диего и Питсбург ги објавија резлутатите од студијата која покажува дека редовната употреба на марихуаната не ги оштетува мозочните клетки за разлика од редовната употреба на алкохол.

 

Мозоците на деведесет и две млади лица на возраст од шеснаесет до дваесет години биле скенирани во период од осумнаесет месеци од страна на истражувачи од Универзитетот во Сан Диего. Учесниците во експериментот имале историја на употреба на марихуана и алкохол. Половина од нив продолжиле да ги употребуваат, а другата половина апстинирала или минимално ги употребувала. Во студијата се набљудувало физичкото ошетување на мозочните клетки, а не перформансите на учесниците.

 

Скенирањата покажале дека кај тинеџерите кои пиеле алкохол најмалку петпати во неделата мозочните клетки биле оштетени што резлутирало со намалување на распонот на вниманието, меморијата и способоноста за донесување одлуки. Кај мозочните клетки на тинејџерите кои користеле марихуана до девет пати во неделата не се покажало никакво оштетување.

 

„Доколку тинејџерите јанамалат здравствената состојба на своите мозочни ткива и когнитивата способност да се инхибираат себе си, имаат повеќе шанси да се впуштат во ризично однесување какво што е претераната употреба на сусптанции“ – Јоана Јакобус од Универзизетот во Сан Диего.

 

Употребата на алкохолот станува циклус, вели Јакобус, затоа што тинејџерите кои пијат редовно ги оштетуваат деловите од мозокот кои влијаат врз само-контролата и расудувањето. Таа вели дека марихуаната не е толку штетна, делумно поради тоа што различните типови од растението имаат различен интензитет и некои од нив може да имаат невро-заштитни ефкети.

 

Фактот што истражувачите не можеле дефинитивно да кажат зошто алкохолот е шететен а марихуаната не, зборува за тоа дека се потребни нови истражувања. Тие исто така не можеле да кажат дали оштетувањето на мозочните ткива било перманентно.

 

Студијата ќе биде објавена во научното списание Alcoholism: Clinical & Experimental Research.

 

Минатиот декември Националниот институт за здравство на САД ги објави резулатите од истражувањето кое покажа дека приближно дваесет и три проценти од средношолкците во четврта година во САД пушеле марихуана во текот на предходниот месец.

 

Извор: Cir