Гвајана да ги повлече анти-геј законите

Гвајана да ги повлече анти-геј законите

На биеналето на раководителите на владите на Комонвелтот кое ќе се одржи во градот Перт, Австралија, следната недела, Гвајана ќе биде меѓу поранешните британски колонии од кои ќе се побара да ги повлечат од сила законите со кои ја криминализират хомосекаулноста.

Повикот се основа на препораката од советничката група на Комонвелтот и се однесува на двојното зголемување на бројот на ХИВ инфицирани лица воземјите од Комонвелтот.

Гвајана и други поранешни британски колонии од Карибите се наоѓаат меѓу пеедсет и трите членки на групата земји на Комонвелтот кои сеуште го криминализираат истополовиот сексуален чин, иако Британија ги повлече овие закони.

„Ова особено претставува британски проблем, и овој проблем го отежнува пренесувањето на пораките за ХИВ-от“ – за Австралиската корпорација за емитување изјави Мајкл Кирби, австралискиот претставник во Групата на еминентни личности на Комонвелтот, кој е одговорен за препораката.

Според извештајот на Асошиејтед прес, Кирби, по професија судија во Врховниот суд на Австралија кој е се декларира како геј маж, за високата стапка на ХИВ- СИДА го посочи негативното британското влијание врз поранешните колонии. „Потребно е да ги повлечете овие кривични закони. Тоа ќе го препорача Групата на еминентни личности следната недела.“ – додаде тој.