Полски пратеник преку хомофобични и расистички коментари го поддржа анти-геј законот во Уганда

Полски пратеник преку хомофобични и расистички коментари го поддржа анти-геј законот во Уганда

Полски парламентарец ја изрази својата поддршка за Закон против хомосексуалноста во Уганда и во исто време ги опиша граѓаните на земјата како „еден вид диви луѓе“

 

Станислав Пиета успеа поеднакво да биде и хомофоб и расист преку своите забелешки на Твитер. На својот профил минатата недела тој напиша „еден вид на диви луѓе (што се однесува на граѓаните на Уганда) сфатиле дека не треба „да ги навредуваат законите на природата“.

 

Г-днот Пиета исто така сугерираше дека геј луѓето кои што издржуваат затворска казна треба да бидат оддлени од другите затвореници со цел да се спречи тие да имаат секс.

 

Пратеникот беше жестоко критикуван поради неговите забелешки на Твитер.

 

Тој и претходно има дадено слични хомофобични изјави во кои хомосексуалноста ја поврзувал со некрофилијата, зоофилијата и педофилијата.

 

Пиета припаѓа на полската крајно десничарска политичка партија Закон и Правда (Prawo i Sprawiedliwość).

 

Минатиот петок британската влада го осуди парламентот на Уганда поради усвојувањето на Законот против хомосексуалноста.

 

Пратениците во Уганда го усвоија законот за да ги засилат казнените мерки за истополовите сексуални активности вклучувајќи доживотен затвор за истополово сексуално однесување.

 

Активистите бараат од престседателот на Уганда, Јовери Мусевени да не го потпише законот со што ќе се спречи тој да стапи во сила.

 

Извор: Pink news