Калифорнија укина одлука со која беа дискриминирани сексуалните работници/чки

Калифорнија укина одлука со која беа дискриминирани сексуалните работници/чки

По една декада на одбивања, сексуалните работници/чки во Калифорнија сега ќе можат да бараат оштета од посебниот фонд за компензација на болничките и останатите трошоци на жртвите на силување и други насилни напади. Групите за поддршка на сексуалните работници/чки велат дека се возбудени од оваа промена, благодарејќи на одлуката на Бордот за компензација на жртви да се повлече оваа регулатива со кои им се скратуваа правата на сексуалните работници/чки.

 

„Тоа отвара пат за државата да признае дека на жените кои страдале од многу насилни и трауматски напади им се случило нешто ужасно и за тоа да добијат оштета“ – вели Рејчел Вест од колективот U.S. PROStitute, една од повеќето активистички групи кои ја водеа кампањата во името на сексуалните работници/чки.

 

Трочлениот борд едногласно се согласи дека сексуалниот напад, во кој било контекст, е прекршување на основните човекови права.

 

„Жртвите на ваквото насилно криминално дело заслужуваат компензација, без разлика од околностите“ – изјави Мерибел Батјер, секретарка на Владината агенција за операции и раководителка на бордот. Минатата среда околу единаесет сексуални работници/чки сведочеа пред бордот опишуваќи ги во детали аспектите на дискриминацијата од страна на властите.

 

„Бев силувана и претепана, и направив се како што требаше, но на крајот одбија да ми дадат оштета“ – а Ју Ес Њуз изјави една од жените сведоци на сослушувањето. Таа одбила да биде индетификувана поради судењето кое било во тек. „Зошто? Поради овој застарен тип на размислување и законите кои одат со него“ – вели таа.

 

Кога нејзиниот шестгодишен внук ја прашал каде ќе оди, таа сметала дека е важно да му каже. „Насилството и криминалот не се теми за кои сакам да зборувам со дете кое има шест години, ниту пак силувањето и проституцијата се теми за кои се зборува со дете, но демократијата е“ – вели таа.

 

Таа му објаснила дека ќе исправа одлука која не е фер.

 

„Надоместот на шетите е американска работа и претставува чест да се биде во можност да се учествува во тоа и како граѓанин да направите нешто да се промени“ – вели таа. „Горда сум што можам да му кажам на ова шестгодишно дете што сум правела и како тоа успеало“.

 

Додека таа се гордее со менувањето на законите, жртвата во неа вели дека искуството ја истоштило и дека повеќе нема да пријавува силување во полиција.

 

„Жртвите на силување не се заштитени со закон. Доколку сакате да се заштитите, направете си услуга и не сметајте да властите да си ја вршат својата работа“ – вели таа.

 

За време на сослушувањето никој не се спротистави на менувањето на одлуката.

 

Кампањата за остранување на прохибицијата на правото за компензација за сексуалните работници/чки започна минатиот февруари и доби широка поддршка од страна на црквите, правните групи, непрофитните и други правнички организации. Групите како US Pros и Erotic Service Providers Union побараа од Американската унија за граѓански слободи да ја преиспитаат одуката која беше иницирана во средината на деведесетите години од минатиот век со која на сексуалните работници/чки им се забрани пристапот до компензација поради нелегалната природа на нивната работа. По голем број на протести, петции и писма, вклучувајчи го и она на советничката Ненес Скинер, бордот се согласи да има сослушување. Батјер, која беше назначена минатиот јули од страна на гувернерот Џери Браун, рече дека била загрижена кога дознала за регулативата. Членовите на одборот се уште не знаат со што било предизвикано усвојувањето на ваква одлука со која проституцијата била назначена како квалификација за одбивање на компензацијата.

 

Правниците сметаат дека бројот на луѓе на кои им биле одбиени барањата за компеназија се движи над стотина.

 

Извор: US News