Јавна трибина „ХИВ: состојби и политики“

Јавна трибина „ХИВ: состојби и политики“

Ни претставува огромна чест и задоволство да ве поканиме на јавна дебата организирана од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници и Aмериканско Катче Скопје заедно со Заедно Посилни- групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.

 

Темата на јавната трибина е „ХИВ: состојби и политики “.

 

На јавната трибина ќе говорат:

1. Андреј Сених, координатор на Заедно Посилни;
2. Румена Крастовска, социјалнна работничка Х.Е.Р.А.;
3. Христијан Јанкуловски, извршен директор на ХОПС;

 

Модератор на дискусијата ќе биде Драгана Дрндаревска, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници.
Денес ХИВ е хронично заболување како и секое друго и лицата кои живеат со ХИВ можат да остварат квалитетен и долг живот со помош на антиретровирусната терапија. Но сепак предрасудите, стравот и недостатокот на информации од општата и стручната јавност го отежнува животот на лицата кои живеат со ХИВ.

 

На јавната дебата ќе биде прикажан кратокиот документарен филм на Заедно Посилни и ќе биде промовирана националната кампања за ХИВ 2013 под мотото „Да ги симнеме предрасудите“. Дебатата ќе се фокусира на македонските искуства од стигмата и дискриминацијата и здравствените и социјални права на лицата кои живеат со ХИВ. На дебатата ќе разговараме и за системот на превенција,третманот, грижата и поддршката на лицата кои живеат со ХИВ. Ќе разговараме за проблемите со кои се соочуваат лицата кои живеат со ХИВ во Македонија како недостатокот на терапија и соодветна поддршка од институциите до стигмата и социјалната исклученост

 

На дебатата ќе зборуваме и за активизмот на луѓето кои живеат со ХИВ, борбата за нивните права и борбата за едно основно право, правото на непрекината терапија, што за лицата што живеат со ХИВ значи право на живот.

 

Јавната дебата ќе се оддржи во просториите на Американско Катче Скопје, во новиот дел на Универзитетска Библиотека.