ИЛГА-Европа повикува Хрватска да ја поддржи брачната еднаквост на престојниот референдум

ИЛГА-Европа повикува Хрватска да ја поддржи брачната еднаквост на престојниот референдум

Меѓународната организација ИЛГА Европа ги повика граѓаните на Хрватска да постапат правилно и да гласаат за брачната еднаквост на референдумот закажан оваа недела на 1-ви декевмри.

 

Од ИЛГА-Европа изразија жалење поради тоа што хрватските власти се согласиле да одлучува на референдум за прашањето кое ги засега човековите права на едно малциство.

 

Од организацијата го потецираа фактот дека ова може да го означи влезот на земјата во Европската Унија која што е основана врз принципите на еднаквост, достоинство и почитување на човековите права.

 

Од ИЛГА-Европа повикаа граѓаните на Хрватска кои ја ценат слободата, почитта и човековите права да гласаат „против“ на референдумот.

 

Обраќајки им се на влијателните и познатите личности и политичките лидери, ИЛГА Европа соошти дека тие се надеваат дека уште повеќе личности ќе зборуваат во полза на еднаквоста.

 

Организацијата објави соопшение во кое се вели: „Брачната еднаквост и почитувањето на истополовите заедници не загрозува никого. Тоа е само уште еден чекор кон елиминација на репресијата и дискриминацијата. Истражувањата од земјите каде што истополовите заедници се признаени и каде што постои заштита од дискриминација имаат многу повисоко ниво на среќа и задоволство во споредба со земјите каде што нееднаквоста и дискриминацијата постојат“.

 

Во продолжението на соопштението се вели дека дваесет и една од четириесет и девет земји во ЕУ ги признаваат истополовите заедници и дека бројот ќе продолжи да расте.

 

„Време е Хрватска да одлучи дали сака да гради демократска земја во која секоја личност е почитувана и општество во кое среќата на секој е важна, или пак земја во која дискриминацијата е главниот закон“. Гласајте за човековите права, почит и среќа за сите. Кажете „Не“ на дискриминаторскиот уставен амандман“ – се вели во соопштението.

Извор: Pink news