ХЕРА: Не се почитува одлуката на Советот за радио дифузија?

ХЕРА: Не се почитува одлуката на Советот за радио дифузија?

Абортусот и понатаму се третира како убиство!

 

На својата 48-ма седница одржана на 30 септември Советот за радио дифузија расправаше и ја донесе следнава одлука во врска со телевизискиот спот на Владата на Република Македонија во кој абортусот се категоризира како убиство:

 

(1) во оваа форма, рекламниот спот да го категоризираат како програма од петта категорија и да го емитуваат во периодот од 00:00 до 05:00 часот и

(2) за да се емитува во други термини од деноноќието, рекламата не треба прекинувањето на бременост во здравствена установа да го идентификува како убиство.

 

Но, како беше спроведена одлуката? Делот во спотот каде што се вели дека абортусот е убиство стои телоп дека тоа е цензурирано од страна на СРД. Иако тој дел е цензуриран, остатокот од спотот останува ист, така што гледачите повторно ја добиваат истата пораката, а жените кои што направиле абортус и понатму се стигматизираат. Уште повеќе во новиот т.н. цензуриран спот на крајот е додаден цитат од Мајка Тереза „Греота е ако „детето треба да го нема“ за да вие живеете како што сакате….“ , којшто е повеќе техничка модификација со истата порака “абортусот е убиство“. Со овој дополнително вклучен цитат повторно се нагласува  „неморалноста на чинот“ или пак „неоправданата одлука“. Со овие „промени“ во спотот нарачателот на кампањата не отстапува од своите намери да го престави абортусот како погрешен и неморален чин.

 

ХЕРА смета дека со вака направените промени во видео спотот не е испочитувана одлуката на Советот за Радио Дифузија и бара ова тело повторно да заседава и да донесе одлука со која целосно ќе биде повлечен спотот од понатамошно емитување. Колку за потсетување, според наодите на ЕСЕ за овие кампањи на годишно ниво Владата троши 36 милиони денари, пари од буџетот на републиката, пари на граѓаните на Македонија.

 

Преземено од HERA