Битна судска пресуда го загрози рускиот „геј пропаганда“ закон

Битна судска пресуда го загрози рускиот „геј пропаганда“ закон

Една историска пресуда во Русија би можела да биде клучна во ставањето крај на „геј пропаганда“ законите.

 

Во март 2009, геј активиската Ирина Фет протестираше против регионалниот хомофобичен закон во Рјазан.

 

Пред училиштата и библиотеките во градот таа држеше плакат на кој било напишано „Хомосексуалноста е нормална“ и „Јас сум горда на мојата хомосексуалност“.

 

Откако била уапсена, обвинета и казнета со 1500 рублји (околу 46 американски долари или 34 евра), Фет била исто така прогласена за виновна за информирање на малолетици за хомосексуланоста.

 

Иако нејзината група Московски прајд ја обжали пресудата, тие загубија пред локалниот суд.

 

Потоа, случајот беше испратен во Комитетот за човекови права во ОН за да се обжали апсењето.

 

На 31 октомври 2012, комитетот на ОН гласал во полза на Фет, опишувајќи го законот како „дискриминаторски“ и „произволен“.

 

Тие се согласисле дека законот оди спроти Меѓународниот пакт за граѓаниски и политички права, кршејќи го нејзиното правото на слобода на изразување и заштита од дискриминација.

 

Вчера регионалниот суд во Рјазан се согласи со меѓународната пресуда и ги поништи претходните обвинувања и пресуди.

 

Сега Московскиот Прајд влегува во посебен процес со министерот за финасии кој би можело да трае до две години со цел да се компензира за моралните штети предизвикани кај Фет.

 

Николај Алексеев, кој е правник и еден од најистакнатите руски активисти кои се борат за геј права, го опиша овој случај како „силен удар“ врз „геј пропаганда“ законите во земјата.

 

Зборувајќи со Геј стар њуз, тој изјави: „Целосната правда е повторно воспоставена. Таа сега е запишана во руски суд. Тоа е одлука која е екстремно важна. Рускиот правен систем се движи нанапред со меѓународните судови и се согласува со правните аспекти на сексуланата ориентација“.

 

Иако за законот се дискутира преку регионалната забрана за геј пропаганда во Рјазан, а не преку федералната забрана, првата пресуда може да влијае врз втората.

 

Но, затоа што една пресуда против регионалниот закон ефикасно ја отповикала забраната, руските судови не пресудуваат служејќи се со преседани.

 

„Ќе видиме како со текот на времето како овој федерален закон ќе биде отповикан затоа што меѓународната заедница веќе врши притисок врз руските судови“- рече Алексеев.

 

Поради тоа што во контекстот на „ геј пропаганда“ законот три пати до сега му било забрането да оддржи јавен настан, геј активистот смета дека ова би можело да биде клучно во повлекувањето на законот.

 

Алексеев додаде: -„Постојат голем берој на несогласувања, бојкоти и слични нешта, од сета дискусија не гледате дека вистиската правна работа веќе беше завршена минатата година. Тоа е она што навистина има ефект“.

 

Извор: Gay star news