Со меѓународна конференеција беше отворен овогодишниот Белградски Прајд

Со меѓународна конференеција беше отворен овогодишниот Белградски Прајд

Програмата на Белградскиот Прајд започна со меѓународната конфенреција посветена на слободата на собирање на ЛГБТИК популацијата во Фалкенштајнер хотелот во Белград.

 

На првиот ден на посетителите им се обратија Х.Е. Мајкл Давенпорт, новоназначениот раководител на Европската делегација во Србија, Антје Ротенмунд, раководител на Мисијата на Советот на Европа во Србија и Горан Милетиќ, програмски директор на Бранителите на граѓанските права за Западен Балкан.

 

Во воведниот говор, г-динот Давенпорт потенцираше дека „слободата на собирање е основно човеково право кое е есенцијално за демократијата и владеење на правото, загарантирано со уставот на Србија“, и дека дури и српскиот Уставен суд смета дека забраната на Парадата на гордоста е противуставна и дека законот за јавно собирање од 1992 според кој е уредено правото на собирање, мора да се подреди со меѓународните стандарди за човекови права. Г-динот Девенпорт порача дека „уставните права мора да се почитуваат дури и кога постојат ризици и дека казнувањето на оние кои делуваат спротивно од ова основно право мораат да бидат процесирани со цел да се спроведе владеењето на законот.

 

Г-ѓата Ротенмунд додаде дека сите држави имаат должност да ги заштитат сите оние кои протестираат, и дека човековите права се универзални, неделиви и меѓузависни и дека слободата за собирање е „едно од овие права кое мораат да бидат прифатени и почитувани“. Горан Милетиќ, во името на организацискиот комитет потецираше дека „од минатата година до сега, малку нешта се подобрени“. Иако меѓународната поддршка се зголеми, таа не е доволна за да се промени вољата на националните власти да ја променат нивната одлука во врска со правото на собирање на ЛГБТИК заедницата. Во однос на слободата на собирање. Европскиот суд за човекови права досега многу пати потенцирал дека државите имаат обврска да им ја овозможат оваа слобода на малцинствата, вклучувајќи ги лицата кои припаѓаат на ЛГБТИК заедницата.

 

Конференцијата продолжи со сесијата со наслов „Слобода на собирање: глобално, регионално и локално“ со г-ѓата Снежана Бокулиќ, раководител на одделот за човекови праван ОДИХР, Наташа Вучковиќ, претседателка на Интеграцискиот Комитет на ЕУ во националниот парламент во Србија и докторката Светлана Логар, која го презнетираше своето последно истражување на јавното мислење за белградскиот прајд. Според истражувањето, околу седумдесет проценти од луѓето не се против мирна и достоинствна прајда на гордоста.

 

Првиот ден на конференцијта заврши со презентациите за развојот на човековите права во своите земји на активисти од Уганда, Виетнам, Белорусија и Канада.

 

Извор: parada.rs