Петиција: „За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“

Петиција: „За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“

>

Сите предуслови за осмислување и системско воведување на сеопфатно сексуално образование се остварени. Досега, задно со сите релевантни институции, Вклучувајќи го Министерството за образование и наука, се преземени следниве чекори:

 

– Спроведена проценка на потребата и на достапноста на информациите од областа на сексуалното образование во Македонија (http://hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/ljubov_samo_posle_casovi.pdf)
-Подготвени насоки како да се воведе сеопфатно сексуално образование (http://tiny.cc/ikuj3w )
-Подготвен прирачник за наставниците од основните училишта за теми од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права

 

Затоа, ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ги повикува граѓаните да дадат поддршка на петиција за воведување на сеопфатно сексуално образование во која од Министерот за образование и наука се бара:

За да се подобри сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Македонија потребно е да ги преземете следниве мерки до почетокот на учебната 2014/15 година:

 

– направете ревизија и осигурајте целосна примена на предметот образование за животни вештини преку редовна инспекција на наставата

 

– прифатете го прирачникот за сексуално и репродуктивно здравје подготвен од ХЕРА и обезбедете обука на наставниците

 

-формирајте работна група која ќе подготви план за системско воведување на предмет според упатствата од Рамката за сеопфатно сексуално образование

 

Собирањето на потписи ќе се одвива во повеќе градови низ земјата, од 12.00 до 17.00 часот, со следниот редослед и на следниве локации:

– ШТИП Вторник, 17.09.2013 ул. Ванчо Прќе – пред стоковна куќа “Нама”
– БИТОЛА Среда, 18.09.2013 Широк Сокак (делот кон плоштад Магнолија)
– КУМАНОВО Петок, 20.09.2013 Плоштад Маршал Тито
– ОХРИД Понеделник, 23.09.2013 Плоштадот кај Чинарот
СТРУМИЦА Вторник, 24.09.2013 Ул. “Јосиф Јосифовски Свештарот” (делот кон плоштадот)
– ТЕТОВО Среда, 25.09.2013 Градски плоштад
– СКОПЈЕ Четврток, 26.09.2013, Петок, 27.09.2013, Сабота, 28.09.2013 Ул. “Македонија” – Плоштад “Македонија” (пред ГТЦ)

 

Сеопфатното сексуално образование подразбира:
-Посебен час на кој младите од основните и средните училишта ќе добијат веродостојни информации, ќе изградат ставови и ќе истакнат вештини во врска со сексуалноста и репродуктивното здравје
-Обука за наставниците
-Прирачен материјал и за наставниците и за учениците

 

Сеопфатното сексуално образование придонесува до:
-Млади и граѓани со подобро здравје
-Намалување на омразата, предрасудите и насилството, во и вон училиштата
-Млади луѓе кои можат самостојно да носат одговорни одлуки
-Зголемена употреба на кондом и контрацепција

 

Сеопфатното сексуално образование е препорачано во:
-Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2010)
-Националната стратегија за безбедно мајчинство (2010)
-Националната стратегија за ХИВ/СИДА (2012)
-Рамката за сеопфатно сексуално образование (2010)
-Комисијата за еднакви можности на жените и мажите – Собрание на РМ (2011)

 

Избор:  https://www.facebook.com/events/507045516050982/