Папата Францис: „Кој сум јас да им судам ја геј луѓето?“

Папата Францис: „Кој сум јас да им судам ја геј луѓето?“

Со изјавта дека не бил во позиција да им суди на геј луѓето денеска, Папата Фрацис ги збуни ЛГБТ луѓето ширум светот.

 

Лидерот на Католичката Црква рече дека нема да им суди на свештените лица за нивната сексуална ориентација, со што направи огромен контраст со неговите претходници.

 

На отворена прес-конференција по враќањето од неговото прво патување надвор од Ватикан, тој рече: „Доколку некој е геј и го бара Господ и има добра воља, кој сум јас да им судам?“

 

Францис исто така се повика на учењата на Католичката Црква, велејќи дека доколку хомосексуалниот чин е грев, да се биде геј не е.

 

„Катехизмот на Католичката Црква го објаснува тоа многу добро. Тие не треба да бидат маргинализирани поради тоа, но мораат да бидат интегрирани во општетството“ – изјави тој, обраќајќи се на италијански.

 

„Проблемот е да не постои оваа ориетација, Ние мораме да бидеме браќа. Проблемот е лобирањето од страна на оваа ориентација, или лобијата на алчни луѓе, политички лобија, масонски лобија, премногу лобија. Ова е најлошиот проблем.“

 

Папата исто така одговори на прашање за „геј лоби“ скандалот.

 

Тој се пошегува: „Гледате дека досега многу се напиша за геј лобито. Се уште не сум видел никој во Ватикан со лична карта на која е напишно дека е геј.“

 

Покрај ова, Фрацис е против геј бракот и посвојувањето деца, и минатиот месец заедно со Папата Беденикт XVI ги осудија истополовите бракови.

 

Беденикт XVI рече дека мажите со длабоки хомосексуалните тенденции не би требало да бидат свештеници. Тој исто така ја опиша хомосексуалноста како „извртување на човечката природа“.

 

Извор: Gay star news