Европските парламентарци загрижени поради малтретирањето и апсењето на транс жените во Грција

Европските парламентарци загрижени поради малтретирањето и апсењето на транс жените во Грција

Членовите на Европскиот Парламент се загрижени што грчката полиција почнала систематски да ги малтретира транродните жени во Атина и Солун. Во изминативе недели полицијата направила дузина апсења и ја привела адвокатка кој ги застапувала жените.

 

Апсењата започнале во август 2012, кога полицијата во една вечер без никакво објаснување привела дваесет и пет трансродни жени. Во Атина жените биле приморани да направат ХИВ тест, а потоа биле ослободени.

 

Објаснувајќи дека се работи за индетификација на жените како сексуални работнички, во изминативе недели полицијата приведувала трансродни жени во Солун при што полицајците се однесувале агресивно. Судот ги ослободил жените од секакво обвинување.

 

Ноќта на 4-ти јуни, полицијата нелегално ја привела Електра Коутура, адвокатката која ги застапувала трансродните жени.

 

Раул Ромева и Руеда, член на Европскиот Парламент и потпретседател на ЛГБТ Интергрупата, рече: „Трансродните луѓе често се лесни жртви. Тие се видливи, а насилниците, влучувајќи ги и оние во униформа, мислат дека имаат дозвола да малтретираат кој било кој не се подреден на трандионалниот родов изглед.

 

Загрижувањата за јавното здравје, доколку постојат, мораат да бидат решавани со почит кон сите граѓани и запазување на нивниот интегритет. Учењето да се почитува секој без разлика на неговиот или нејзиниот надворешен изглед е лекција која се учи во основно училиште, а не нешто што полицијата допрва треба да го научи“.

 

Софи ин ’т Велд, исто така потпретседателка на Интергрупата, додаде: „Ова е токму една од причините зошто Европската Унија мора да ги вклучи хомофобичниот и трансфобичниот говорот на омраза во својот преглед на законите за говор на омраза на ЕУ. Парламентот досега го има побарано ова, но ние немаме илузии за намерите на сегашната Европска Комисија. Ништо нема да се постигне пред следните ЕУ избори, кои треба да се оддржат следната година“.

 

Европските парламетарци успеаја да издејствуваат Комисијита да направи истражување на случаите на апсења и ХИВ тестирања во Грција. ЛГБТ Интергрупата очекува следната недела Комисијата да го спроведе своето ветување.

 

Извор: www.lgbt-ep.eu