Завршна конференција на проектот “COUNTERPUBLICS: Re-Enacting Communities, Queering Nationalisms”

Завршна конференција на проектот “COUNTERPUBLICS: Re-Enacting Communities, Queering Nationalisms”

Завршната конференција на проектот “COUNTERPUBLICS: Re-Enacting Communities, Queering Nationalisms” ќе се одржи следната сабота од 13:00 до 16:00 часот во просториите на Институтот за филозофија и општествена теорија во Белград.

 

Проектот “COUNTERPUBLICS: Re-Enacting Communities, Queering Nationalisms” се обиде на едно место да ги собере поединците и поединките кои се занимаваат со квир теорија и активизам во три различни балкански држави – Македонија, Србија и Хрватска и да ги опфати можностите за јавно делување насочено кон субверзија на (хетеро)нормативноста преку употреба на уметноста. Како резултат на тоа беа спроведени три акции во наведените земји за чии детали ќе се зборува на конференцијата. На конференцијата исто така ќе се разговара и за можностите за идно делување во оваа насока, за тактиките и стратегиите кое можат да се употребат за таа цел.

 

На вториот дел од конференцијата свои излагања ќе имаат два госта: Јелисавета Благојевиќ и Станимир Панајотов кое ќе понудат излагања од квир перспектива во врска со „демократската“ филозофија на Рансиер и видливоста на сексуално маргинализираните која не функционира во користта на невидливото. Со тоа претходниот разговор за практичните делувања ќе биде дополнет со теорсики рефексии кое се неопходни за понатамошна анализа на актуелната полтичко-активистичка рамка која има клучно значење за развојот на општествено одговорното делување кое не ги прати слепо постоечките неолиберални догми туку ги подвргнува на критичко преиспитување.

 

Програма:

 

13:00 часот: Презентација на интервенциите во јавниот простор во Загреб, Скопје и Белград

Вовед: Славчо Димитров (Македонија) и Душан Маљковиќ (Србија)

Учесници: Карла Хорват Црногај (Хрватска), Ирена Цветковиќ и Ивана Драгшиќ (Македонија) и претставници/чки од групата во Белград

 

13:45 часот: дискусија

 

14: 45 часот: Излагање на гостите на конференцијата

Јелисавета Благојевиќ (Србија): Политика наспроти полиција – квир читање на Рансиер

Станимир Панајотов (Бугарија): Europe, You Babylonian Whore! – Europe as the Scene of Perversion

15:30 часот: Дискусија

Организација: Центар за Квир Студии (Србија) во соработка со Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници (Македонија) и Квир Загреб (Хрватска)

 

Финаскиска поддршка: Open Soceity Foundation EAST-EAST program /фондација за отворено општество – Србија