НВО декларација за сеопфатно сексуално образование

НВО декларација за сеопфатно сексуално образование

Ние долупотпишаните здруженија, имаме предвид дека во последниве години, од страна на јавната администрација сèпочесто се изменува законската легислатива и се водат кампањи, финансирани од буџетски средства, за теми кои се поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права. Притоа, решенијата кои се нудат се ограничувачки, парцијални и незасновани на докази,како на пример неколкугодишната кампања за ограничување на правото на слободен пристап до прекинување на несаканата бременост. ПРИТОА, НЕ СЕ ПРЕЗЕМААТ ЕФЕКТИВНИ СИСТЕМСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФОРМИРАНОСТА НА МЛАДИТЕ ЗА СЕКСУАЛНОСТА, ПРАВАТА, РОДОТ И ЗДРАВЈЕТО.

 

 

Имајќи предвид дека одговорните институции, поточно Бирото за развој на образованието и Министерството за образование, досега ги немаат земено предвид и немаат дејствувано во согласност со:

 

 

– Националните стратегии за сексуално и репродуктивно здравје (2010) и за
безбедно мајчинство (2010)
– Националната стратегија за ХИВ/СИДА, 2012-2016година
– Препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование (2010)
– Заклучоците на Комисијата за еднакви можности за пилотирање на сексуално
образование и евалуација на предметот образование за животни вештини (2011)

 

 

Дополнително, соочени со:

 

 

– Отсуството на стручен кадар и соодветни наставни материјали
– Индикации за загрозено сексуално и репродуктивно здравјето на младите
– Пораст на насилството меѓу младите
– Непрепознавањето на родовата еднаквост
– Поттикнувањето и подржувањето на хомофобијата

 

 

Но, пред сè, водејќи се од обврската на младите во Македонија да им се оствари правото на пристап до информации, понатаму, водејќи се од доказите дека сеопфатното сексуално образование во училиштата значително влијае на подобрување на здравјето на младите, на способностите за ненасилно изразување на вредностите и ставовите, но и оние за економска исплатливост за целото општество,

 

 

БАРАМЕ воведување на сексуално образование според принципите на Рамката за сеопфатно сексуално образование како: сеопфатност, докажани научни сознанија, слободен избор, недискриминација врз родова, етничка или основа на сексуална ориентација, промовирање на родовата еднаквост и земање предвид на развојните капацитети, учеството, потребите и заштитата на децата. Ова треба да се оствари преку следниве чекори:

 

 

1. Министерството за образование до крајот на 2013 година заедно со стручната јавност, граѓанските здруженија, како и учениците, наставниците и родителите да изработи национален акционен план за системско воведување на сеопфатно сексуално образование, во согласност на препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование, на сите нивоа на образовниот систем.

 

 

2. На краткорочен план, Бирото за развој на образованието до крајот на 2013 година да обезбеди обука и да го усвои подготвениот Прирачник за наставниот кадар (одговорен за предметот образование за животни вештини) на теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и да ја осигури примената на овој предмет во сите основни и средни училишта во Македонија.

 

 

1. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Скопје
2. Македонска Асоцијација за Движење и Интеграција – МАДИ, Скопје
3. НВО Мамахумана, Скопје
4. Национален совет за родова рамноправност, Скопје
5. Организацијата на жените на град Скопје (ОЖС)
6. Здружение „Студентска организација Излез“, Скопје
7. Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација, Кратово
8. Здружение Радика – ДЕ, Дебар
9. Центар за развој и унапредување на јавниот живот Тетово (ЗГ ЦРУЈЖ), Тетово
10. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, Скопје
11. ЛГБТ Јунајтед, Тетово
12. Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Скопје
13. Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Скопје
14. Организација на жени „Кумановка“, Куманово
15. Младински центар за еднакви можности, Скопје
16. СТАР-СТАР, Скопје
17. Црвен крст на град, Скопје
18. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје
19. Институт за Демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС, Скопје
20. ЗЗ„СИРМА“, Куманово
21. Фондацијата за развој на локалната заедница, Штип
22. Организација на жените на општина Свети Николе
23. Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП, Скопје
24. Здружението на граѓани Институт за човекови права, Скопје
25. Центар за развој на заедницата, Кичево
26. Здружение на граѓани „Младите можат”, Скопје
27. Младинската мрежа за врсничка едукација – Y-PEER Македонија
28. ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје
29. Коалиција за заштита на здравствените и сексуални права на маргинализираните заедници,
Скопје
30. Цивил- Центар за Слобода, Скопје
31. Реактор – Истражување во акција, Скопје
32. Здружение на Роми ,,АВЕНА“, Кочани
33. Универзитет „ Евро Балкан“, Скопје
34. ПОРАКА – Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, Скопје
35. Здружение на граѓани Македонски центар за женски права – Шелтер Центар, Скопје
36. Коалицијата на здруженијата на граѓани „Сите за правично судење“, Скопје
37. „Заедно посилни“ – група за поддршка на лицата што живеат со ХИВ, Скопје
38. Организацијата на жени Радика, Скопје
39. СОС детско село Македонија, Скопје
40. ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, Скопје
41. Форум- ЦСИД Центар за стратегиски истражувања и документација, Скопје
42. Сумнал – Здружението за развој на ромската заедница, Скопје
43. Центар граѓанска иницијатива, Прилеп
44. Локална Агенција за Развој, Струга
45. ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки, Скопје
46. Фондација Oтворено општество – Македонија,Скопје
47. Центар за Младински Активизам ЦМА КРИК, Скопје
48. Македонско женско лоби