ЕУ им порача на балканските држави да ги унапредат ЛГБТ правата

ЕУ им порача на балканските држави да ги унапредат ЛГБТ правата

На Македонија и Босна и Херцеговина им беше порачано да ги унапредат ЛГБТ правата пред да се приклучат на Европската Унија.

 

Членовите на Европксиот парламент ги увоија извештаите со кој се охрабруват Македонија и Босна и Херцеговина да се заложат за усвојување на закони со кои ќе се заштитат правата на ЛГБТ граѓаните.

 

Со овие извештаји се комплетира годишната евалуација посветена на прогресот на ЛГБТ праватаспроведена од страна на парламентарната интергрупа.

 

Европските парламентарци го поздравија позитивниот развој во Реплублика Македонија каде што беше отворена нова канцеларија за поддршка на ЛГБТ заедницата во 2012-та, но изразија загриженост поради вандалскиот чин кој следеше по незиното отворање.

 

Вечерта на 24-ти октомври 2012-та, канцеларијата на новоотворениот Центар за поддршка на ЛГБТ заедницата во Скопје беше каменуван при што беа искршени неколку прозорци.

 

Според полицијата, нападот бил извршен од страна на маскирани лица.

 

Европските парламентарци и порачаа на Македонија погласно да ја осуди хомофобијата и изразија жалење поради анти-ЛГБТ дискурсот кој владее во македонксите медиуми.

 

На конференцијата на УНИЦЕФ која се оддржа на 12-ти октомври 2012-та, македонскиот Министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски го изрази своето несогласување со идејата за брачната еднаквост за ЛГБТ луѓето.

 

Тој ја повтори својата позиција на една од националните телевизии, а подоцна и на својот Фејсбук профил.

 

Премиерот Никола Груевски исто така ги критикуваше непостоечките повици за брачна еднаквост поврзувајќи ги со нискиот наталитет во земјата.

 

Во извештајот за Западен Балкан, членовите на Европскиот Парламент исто така изразија загриженост за сознанијата дека жените кои ги бранат ЛГБТ правата се често мети на говор на омраза, закани и физички напади.

 

Европарламентарецот Мајкл Кешман, кој престставува ко-претседател на ЛГБТ интергрупата изјави: „Добро е што основните права во Западен Балкан, кој е интегрален дел од европското семејство, бележат прогрес, иако станува збор за многу бавен прогрес. Работата на Советот на Европа посветена на ЛГБТ правата досега се покажа како особено корисен. Се надевам дека националните лидери во следните години ќе започнат да ги решаваат овие прашања“.

 

Извор: Геј Стар Њуз