РАНБИР ГИ ШАРМИРАШЕ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

РАНБИР ГИ ШАРМИРАШЕ СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

Мумбаи, 15 септември – Додека снимаше сцена со сексуални работници за новиот филм насловен „Рок ѕвезда”, боливудскиор херој Ранбир Капур одржа мал концерт за да ги направи да се чувствуваат подобро пред снимањето.

Во филмот предвидена е сцена каде што Ранбир им пее на сексуалните работници од Мумбаи, Режисерот Имитаз реши сцената да биде веродостојна и таа да се снима на Гренд роуд.

Жените беа возбудени да се сретнат лично со Рамбир, но исто толку нервозни да излезат пред камера. За да им олесни и да ја пресече тензијата, Рамбир се спријатели со нив. Извор на снимањето ијави дека сексуалните работници биле многу срамежливи и дека се двоумеле дали да се појават пред камера. Но, Имитаз и Рамбир успеале да ги убедат и им создале пријатна атмосфера во која се снимиле сцените.

Рамбир потоа им дал автограми на сексуалните работници и направил фото сесија со нив.