Учествувајте во новото списание кое го подготвува ХОПС

Учествувајте во новото списание кое го подготвува ХОПС

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување, подготвува списание во кое ќе се обработуваат теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се надоврзуваат на главните теми, како што се: сексуална работа, ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц, туберкулоза, права на маргинализирани групи/заедници, родови перспективи, пристап до информации од јавен карактер, истражувања, политики, застапување, граѓански активизам, социјална работа и политика, здравство.

 

Списанието е наменето за лица што употребуваат дроги, лица што се лекуваат од зависности, стручни лица од областа на употребата на дроги и лекувањето зависности и пошироката јавност засегната и заинтересирана за наведените проблематики. Ќе се објавува на македонски јазик (печатена и електронска верзија) и англиски јазик (електронска верзија).

 

Списанието овозможува простор за објавување авторски текстови, вести/известувања, промоции, колумни/есеи, кампањи поврзани со наведените проблематики за сите што придонесуваат и/или сметаат дека можат да придонесат кон унапредување на социјалната и здравствената положба на лицата што употребуваат дроги и лицата што се лекуваат од зависност од дроги. Тоа е простор за афирмација на личните ставови и ставовите на институциите и организациите што работат во наведените и сродните проблематики. Доколку сакате да изложите став, да објавите вест или да го проширите кампањското дејствување, обратете се на следниот контакт: Вања Димитриевски, vanjad@hops.org.mk.

 

Краен рок за доставување на текстови и други информации е 01.06.2013 година. Селекцијата на доставените текстуални прилози и други информации ќе ја врши Редакциски одбор. Критериуми за селекција се:
– Поврзаност со обработуваната проблематика
– Стручност (разбирање за/од обработуваната проблематика)
– Креативност
– Иновативност (отворање нови прашања или промовирање нови начини за решавање на актуелните прашања)
– Разбирливост (литературно изразување и/или сленговско изразување разбирливо и препознатливо за целните групи)
– Навременост (запазување на крајниот рок за предавање на материјалите).
За повеќе информации обратете се на следниот контакт: Вања Димитриевски, vanjad@hops.org.mk.

 

Во понатамошниот текст е приложено…

Упатство за авторите на текстуални прилози

Услужен софтвер: Microsoft Word, Open Office Word или сроден.

 

Фонт: Тахома со кирилична поддршка.

Големина на букви: 12.
Проред: Единечен (Single).
Маргини: Normal, по 2,54 цм од секоја страна.
Формат на фотографии/илустрации: gif, tif, jpeg.
Нумерирање на страниците: во долниот десен агол.
Наслови: Наднаслов, наслов, поднаслов (ист фонт и иста големина на буквите како и главниот текст).
Податоци за авторот/те: Име и презиме или псевдоним на авторот/ите (на почетокот на документот).
Цитирани референци: доколку има, референците да се наведат на крајот на текстот (endnote).
Табели: доколку има, табелите да се доставуваат во наједноставен формат, во рамките на самиот документ, но да се обележат податоците што треба да бидат поистакнати.
Странски имиња: напишани на кирилица, најверно до оригиналниот изговор, а во заграда, веднаш до името, да се напише името во оригинал. Пример: Роберт Њуман (Robert Newman).
Називи на странски/меѓународни институции и организации: на македонски со кирилично писмо, а во заграда оригиналниот назив. Пример: Канцеларија за дроги и криминал на Обединетите нации (United Nations Office on Drugs and Crime) или Фондација Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung).
За англиската верзија: Текстовите се доставуваат на македонски јазик, но доколку има специфични, веќе усвоени, термини препознатливи во англискиот јазик, да се наведат во заграда веднаш покрај поимот на македонски јазик. Пример: обреди на премин (rites of passage).