Во Велика Британија започна кампања за отворање на прв британски геј музеј

Во Велика Британија започна кампања за отворање на прв британски геј музеј

Во Велика Британија започна кампања за отворање на прв британски музеј посветен на геј правата кој би требало да биде лоциран во Лајкестер.

 

Неколку фанови на неодамешаната популарна изложба преку која се документираа животите на локалните ЛГБТ луѓе побараа таа да се премести во музеј како постојана поставка.

 

Проектот наречен „Нераскажани приказни“ беше куриран од страна на ЛГБТ центарот во Лајкестер и подржан со грант од педесет илјади фунти од страна на Херитиџ Лотари фондот.

 

Проектот ја документираше историјата на ЛГБТ заедницата во Лејкестершир и Рутланс во период на последните седумдесет години и откри каков бил животот на луѓето во Велика Британија пред декриминализацијата на хомосексуланоста во 1967-та.

 

Од минатиот фебруари изложбата ја посетиле повеќе од илјада посетители, по што организаторите ја добиле идејата да се создаде музеј.

 

Потенцијалното поместување на „Нераскажаните приказни“ на постојана локација ќе значи и оформување на првиот британски музеј посветен на ЛГБТ културата и историјата.

 

Како што извести Би-Би-Си, градоначалникот на Леикестер, сер Питер Соулсби, ја поздравил инцијативата, велејќи: „Тоа претставува еден од повеќето многу возбудливи предлози во последно време. Раскажувањето на приказната за ЛГБТ заедниците е важен дел од модерната историја на Лејкестер“.

 

Денис Бредли, офицерот за политики на ЛГБТ центарот во Лајкестер, рече дека проектот ќе им служи на интерестите и на локалното и на поширокото население, и на сегашните и идните генерации. „Досега успешно се имаат реализирано слични проекти и во земјата и ширум светот“- рече тој.

 

Повикот за создавање на ЛГБТ музеј во Лејкестер се појави повеќе од една деценија од дискусијата за создавањето на сличен простор во Лондон.

 

Слични музеји посветени на геј правата и нивната историја постојат во Сан Франциско, Берлин и Сиднеј.

 

Ветеранот во активизмот за геј права Питер Тачел постојано ја потенцираше потребата од музеј со кој ќе се докуметира ЛГБТ животот во главниот град на Англија. Тој посочи дека идеалната локација за ваков музеј преставува поранешната полициска станица во улицата Боу каде што геј авторот Оскар Валјд бил приведен во 1895-та.