Нов евтин лек ќе донесе „револуција“ во третманот на СИДА-та

Нов евтин лек ќе донесе „револуција“ во третманот на СИДА-та

Нова евтина капсула, која беше неодамна претставена во Јужна Африка, би можела да донесе револуција во третманот на ХИВ/СИДА пациенетите.

 

Третманот, кој претставува три-во-едно антиретровирусен лек, чини само десет долари за единечна доза.

 

Зборувајќи со новинската агенција Франс Прес, јужно-африканскиот Министер за здравство, Аарон Мотосоаледи, изјави: -„Пред 2010-та ги купувавме најскапите антиретровирусни лекови во светот. Сега претставуваме земја која има најевтина антиретровирусна терапија“.

 

Јужна Африка претставува земја која има најголем број на граѓани инфицирани со ХИВ кој се препоставува дека изнесува повеќе од пет и пол милиони лица.

 

Во текот на месецов новиот лек ќе им биде даден на ХИВ позитивните бремени жени и мајки на доенчиња, лица кои покрај тоа што се инфицирани со ХИВ се заболени и од туберкулоза, и на новозаразени лица.

 

Националниот совет за СИДА на Јужна Африка изрази поддршка за новиот лек, соопштувајќи дека се надева дека тоа ќе ги охрабри пациентите да продолжат со својот третман.

 

Фарид Адбула, директорот на Националниот совет за СИДА на Јужна Африка, рече дека лекот ќе донесе револуција и ќе го упрости начинот на кој пациетите се навикнати да ги примаат своите лекови.

 

„Поминавме долг пат од привичното воведување на антиретровирусната терапија. Некои пацинети дневно примаа и по 16 апчиња.“ – рече Абдула.