На секои 26 часа било убивано по едно геј лице во Бразил во 2012-та

На секои 26 часа било убивано по едно геј лице во Бразил во 2012-та

Активистите уште еднаш потврдуваат дека Бразил се ноаѓа на самиот врв по хомофобични убиства. Бразилската ЛГБТ група Групо Геј да Бахиа објави податоци за убиства на геј луѓе во 2012-та според кои во Бразил се случуваат дури 44 проценти од вкупниот број на ваков вид на убиства на светско ниво.

 

Во 2012-та Групо Геј да Бахиа има документирано 338 убиства на гејеви, лезбејки и транссексуалци во Бразил. Во оваа бројка се вклучени и убиствата на двајца бразилски транссексуалци во Италија.

 

Според податоците на групата, најчести жртви претставуваат геј мажи и трансвестити. Минатата година групата документирала 188 убиства на геј мажи и 128 убиства на трансвестити. Убиствата не лезбејки опфаќаат 5 проценти од вкупната бројка. Овие бројки покажуваат зголемување на ЛГБТ убиства за 27 проценти во споредба со 2011-та, кога биле забележани 266 случаи на ваков тип на убиства.

 

Групата соопшти дека нападите предизвикани од омраза често не се пријавуваат, па затоа нивните бројки не се стопорцентно сигурни, и дека тие се се компилирани од новински извештаи и интервјуа од прва рака.

 

Појавата, или барем пријавувањето на хомофобични убиства, рапидно се зголемило во Бразил во последните неколку години во споредба со другите земји. На пример, според групата, во 2011-та во Бразил биле убиени 128 трансвестити, за разлика од САД каде што истата година се пријавени 15 случаи на ваков тип на убиства.